fbpx

ДиЏовани: Опфатот на вакцинација опаѓа заради дезинформациите

По повод Европската недела на имунизација, во секој град ќе се посетат околу 3.000 семејства, на кои ќе им се зборува за важноста на вакцинацијата, посебно за вакцините против морбили и пертусис

-

Вакцините спасуваат милиони животи. Ова е така заради рутинскиот календар на имунизација. Имаме вакцини за спречување на над опасни 20 болести. За прв пат во 3 децении имаме големо назадување кога се работи за опфатот заради дезинформациите. Ова го истакна денеска Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, на прес-конференција која се одржа по повод Европската недела на имунизација.

По овој повод, во секој град во Македонија ќе се посетат околу 3.000 семејства, на кои ќе им се зборува за важноста на вакцинацијата, посебно за вакцините против морбили и пертусис.

„Родители, не чекајте епидемија за да ги заштитите своите деца. Можеби не се сеќавате кога вашите родители ве носеле на вакцинација, но обезбедете им на вашите деца иста заштита какви што вашите родители ви обезбедиле вам“, порача претставничката на УНИЦЕФ.

На прес-конференцијата беше присутен и министерот за здравство Илир Демири кој кажа дека ќе има активности на цела територија на државата.

„Во здравствените домови ќе има кампањи и ќе се дели различен пропаганден материјал, во кој се објаснуваат бенефитите од вакцинацијата. Во Градскиот парк ќе има манифестација посветена на значењето на имунизацијата, најавија присуство евроамбасадорот Дејвид Гир, претставниците на СЗО и на УНИЦЕФ“, најави министерот.

Тој напомена дека треба да се примат сите вакцини за заболувањата за кои постојат вакцини. Потсети дека последен случај на полиомиелит бил дијагностициран во 1979 година и кажа дека и денеска од таа генерација, има лица чии последици се трајни.

„Затоа би молел за сензибилизација, да ја подигнеме свеста за имунизацијата, да не се пропуштаат дози. Се надевам дека нема да искусиме некоја нова епидемија. Благодарение на вакцините нашите деца се поздрави и побезбедни“, рече Демири.

Д-р Кети Ставридис од Институтот за јавно здравје кажа дека опфатот со задолжителни вакцини бележи благ раст, но е под препорачаните 95 отсто, односно дека за сите вакцини опфатот е под 90 отсто.

„Ковид силно го афектираше процесот на имунизација и за прв пат после 20 години, во 2020 година за прв пат имавме опфат под 90 отсто, конкретно на Ди-Те-Пер. Но засилените активности, кампањата, напорите на сите во здравствениот систем, резултираше со зголемен опфат. Во Скопје, Битола, се регистрира опфат помал од 90, 80 или 70 посто, а во Куманово со примовакцинација регистриран е опфат со 51 отсто. За МРП овој процент е 37. Нискиот опфат со задолжителната вакцинација која се одржува неколку години наназад го зголемува ризикот од појава на епидемии од вакцинопревентабилни заболувања, а доказ за тоа е епидемијата од пертусис“, истакна Ставридис.

Ане Јохансен, претставничката на СЗО, кажа дека родителите мора да сфатат оти вакцините се важни и безбедни.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...