петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: УНИЦЕФ | 133 резултати

УНИЦЕФ ја повикува јавноста да даде придонес кон Нацрт концепцијата за реформи во гимназиското образование

24 јануари 2025

На 24 јануари, Меѓународниот ден на образованието, УНИЦЕФ ја поздрави неодамна објавената Нацрт концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикува сите образовни чинители да се вклучат во процесот на отворена консултација за ко-креирање на визијата за гимназиското образование. Нацрт концепцијата е дел од тековните напори на Министерството за образование и наука (МОН) и […]

Лесли Милер: Во РСМ има образовна криза, слабите резултати се итен повик за акција

11 септември 2024

Почетокот на новата учебна година е совршен момент да размислиме за состојбата на нашиот образовен систем и за итната потреба да одговориме на тековната криза со учењето. Со оглед на слабите резултати на последното ПИСА тестирање (75 отсто од 15 годишните ученици во земјата имаат ниски резултати по читање, а 66 отсто покажуваат ниски резултати […]

УНИЦЕФ: Учениците во инклузивните училишта постигнуваат подобри резултати

2 септември 2024

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер преку соопштение до јавноста им посака успешна учебна година на сите ученици, наставници и вработени во училиштата, потенцирајќи дека образованието е темелот за безбедно, инклузивно, просперитетно и одржливо општество. Според неа, да се создаде средина каде што се негува различноста и се вреднуваат сите ученици е од суштинско […]

УНИЦЕФ: Сè поголемите горештини во Европа и Централна Азија убиваат речиси 400 деца годишно

24 јули 2024

Како последица на сè повисоките температури во Европа и Централна Азија околу 377 деца починале во 2021 година, се вели во новата анализа на податоци од 23 земји од регионот објавена денеска од УНИЦЕФ. Анализата насловена „Победете ја горештината: детското здравје сред топлотните бранови во Европа и Централна Азија“ открива дека половина од овие деца починале […]

Совети од УНИЦЕФ на тема „Видео игрите и децата: водич за родители“

22 јуни 2024

УНИЦЕФ објави прирачник на тема „Видео игрите и децата: Водич за родители“. Водичот е прилично корисен, со практични совети за родителите како да се зголеми комуникацијата како и надзорот и заштитата на сопствените деца да не претеруваат со играње компјутерски игри, што е високорастечки тренд. Во водичот, фокусот е ставен на тоа како да се […]

ДиЏовани: Опфатот на вакцинација опаѓа заради дезинформациите

22 април 2024

Вакцините спасуваат милиони животи. Ова е така заради рутинскиот календар на имунизација. Имаме вакцини за спречување на над опасни 20 болести. За прв пат во 3 децении имаме големо назадување кога се работи за опфатот заради дезинформациите. Ова го истакна денеска Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, на прес-конференција која се одржа по повод Европската недела […]

УНИЦЕФ промовираше извештај „Профил на детската популација во РСМ“

9 април 2024

Државниот завод за статистика и УНИЦЕФ го промовираа извештајот „Профил на детската популација во Република Северна Македонија“, во кој за првпат во една публикација се собрани сите достапни статистички податоци за децата во земјата. На денешната панел-дискусија, учесниците покренаа прашања за тоа колку е важно националните чинители да ја подобрат способноста за собирање, толкување и […]

УНИЦЕФ: Партиите имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите програми

26 март 2024

Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата. Ова го порачаа од УНИЦЕФ во отвореното […]

Ученици прикажаа иницијативи за климатска акција во Градски парк

21 март 2024

Ученици и наставници, на првиот ден од пролетта, со интерактивен настан во Градскиот парк ги прикажаа иницијативите за климатска акција и образование за животната средина што се спроведуваат во земјата. Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и УНИЦЕФ, со поддршка од Шведска и други партнери, меѓу кои и град Скопје. „Длабоко […]

Студенти креираа иновативна замка за заловување рисови

12 март 2024

Три прототип замки за заловување рисови се поставени во Националниот парк „Маврово“. Нив во изминатиот период ги креираа група студенти од природни и технички науки во координација со Македонското еколошко друштво. Студентите работеа на изнаоѓање иновативен начин да се заловат рисовите, кои се загрозен вид на раб на изумирање, за понатаму да се следат, истражуваат […]

УНИЦЕФ: Родителите да си ги заштитат децата од голема кашлица со вакцина

9 февруари 2024

УНИЦЕФ преку соопштение изразува загриженост од растечкиот број случаи со голема кашлица во земјава и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот. Оттаму се придружуваат кон повикот на здравствените експерти до родителите и старателите да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација. „Благодарение на високите стапки на вакцинација во минатото, родителите денес ја имаат […]

Една третина од младите доживеале насилство на Интернет, алармира УНИЦЕФ

6 февруари 2024

Една третина од децата и младите кои учествувале во анкетата на „U-Report“ за безбедноста на Интернет изјавиле дека доживеале булинг, а 41 отсто веруваат дека инсититуциите не го сфаќаат сериозно проблемот, соопшти УНИЦЕФ по повод меѓународниот ден за побезбеден интернет. Според последните податоци практично сите млади на возраст од 15 до 24 години во Македонија […]

Повеќе од 20.000 деца во земјава немаат здравствено осигурување

29 јануари 2024

Студија на УНИЦЕФ покажува дека 12 проценти од децата од 5 до 17 годишна возраст и 9 проценти од децата помлади од 5 години во С.Македонија се изложени на повеќедимензионална сиромаштија. Според студијата, децата Роми се значително поранливи – секое трето дете од ромската заедница е изложено на сиромаштија, а во општата популација тоа е […]

Потребна е подобра организација за да се достигне опфат од 95 отсто на вакцинирани деца

25 јануари 2024

Неопходни се поголеми инвестиции и поефикасна употреба на ресурсите за да може да се врати рутинската покриеност со вакцини на нивоа од 90 до 95 отсто низ целата земја. Ова е заклучокот од денешниот настан кој го организирал УНИЦЕФ, а на кој присуствувале претставници од здравтвениот сектор како и министерот за здравство, Фатмир Меџити. На […]

ДиЏовани: Потребно е целото општество да ги поддржи реформите во образованието

24 јануари 2024

Резултатите од последното тестирање во рамки на Програмата за меѓународно оценување на учениците – ПИСА 2022, кои укажуваат на проблеми во резултатите од учењето кај учениците, алармираат дека структурните реформи во образованието треба да станат национален натпартиски приоритет. Ова го истакна претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани во својата изјава на Меѓународниот ден на образованието, 24 […]

ДиЏовани од УНИЦЕФ: Што е потребно за да има услови секое дете да расте во семејна средина полна со љубов?

18 јануари 2024

Речиси половина милион деца во регионот на Европа и Централна Азија живеат во установи за згрижување, вклучително и големи институции и други установи како што се малите групни домови, се вели во новиот регионален извештај што денес го објави УНИЦЕФ. Извештајот покажува дека стапката на деца кои живеат во установи за згрижување низ Европа и […]

Тренчевска и ДиЏовани: Гаранцијата за децата ќе биде наш приоритет

16 јануари 2024

Гаранцијата за деца ќе биде приоритет во идниот период затоа што од таа програма се очекува особен успех и подобрување на квалитетот на живот на децата во државата. Ова на заедничката средба го констатираа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани, кои разговарале за […]

ДиЏовани: Владата и Собранието да го забрзаат носењето на законите за децата

25 декември 2023

Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да […]

„Да не си играме со здравјето!“ – почнува нова кампања за имунизација

15 декември 2023

Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка на УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, под мотото „Да не си играме со здравјето!“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата. Како што соопштија од УНИЦЕФ, комуникациската кампања […]

Опфатот со МРП вакцина е низок, зголемен ризикот од појава на епидемија со морбили

12 декември 2023

МРП е безбедна и ефикасна комбинирана вакцина која обезбедува заштита против мали сипаници, заразни заушки и рубеола. Опфатот не е на задоволително ниво кај нас – процентот на национално ниво изнесува 70 отсто. Затоа родителите треба да ги вакцинираат своите деца. Ова беа дел од заклучоците на денешниот брифинг за новинарите на тема „МРП вакцина“, […]

Страна 1 од 7