fbpx

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

Целта е младите да се вакцинираат пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува дека оваа вакцина спречува 70 отсто од случаи на цервикален карцином и 80 отсто анален карцином и повеќе од 40 отсто од валвуларниот карцином, појасни проф. д-р Александра Грозданова, национална координаторка за имунизација

-

Деветовалентна вакцина против хуманпапилома вирусот (ХПВ), кој предизвикува карцином, од идниот месец ќе биде достапна во државата. На располагање ќе има 70.000 дози вакцини, а препораките на познавачите, се дека младите треба да се вакцинираат уште пред да бидат сексуално активни, односно, пред да бидат изложени на ХПВ ризикот.

Проф. д-р Александра Грозданова, националната координаторка за имунизација, денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, кажа дека ХПВ вакцината во светот се користи повеќе од 18 години, а во Македонија се користи 15 години.

„Веќе од 2009 година, е воведена во редовниот календар за имунизација. Досега ја користевме четиривалентната вакцина, а од следниот месец започнуваме со деветовалентната. На ваков начин се зголемува ефикасноста на вакцината. Дополнително таа ќе биде достапна и за момчињата, на возраст над 12 години, и со можност истата да ја примат до 18 години, односно до завршување на средното училиште. Девојчињата од 12 до 15 години ќе примат две дози, а постарите, од 15 до 18 години, ќе примаат три дози. Со ова значително ќе се влијае на трансмисијата на инфекцијата ќе се обезбеди поголема заштита на ХПВ асоцираните заболувања“, објасни Грозданова.

Најчести ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикален карцином на грлото на матката, карцином на вагината, валвулата и на анусот, а кај мажите – карцином на пенис, анус и дополнително, е забележан пораст на орофарингијалниот карцином, против кое, оваа вакцинирање овозможува заштита.

„Целта е младите да се вакцинираат пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува дека оваа вакцина спречува 70 отсто од случаи на цервикален карцином и 80 отсто анален карцином и повеќе од 40 отсто од валвуларниот карцином“, додаде Грозданова.

Министерот Илир Демири кажа дека во светски рамки има истражувања кои покажуваат дека  е намален бројот на случаи со канцер на цервикс.

„За еден месец, во секој пункт вакцинален ќе биде достапна вакцината и за момчињата и за девојчињата. Со ова, младите генерации ќе бидат побезбедни. За заболувањата за кои има вакцини, треба секое дете да биде вакцинирано. Така ќе градиме подобар здравствен систем. Подобро да се спречи одошто да се лечи“, рече Демири.

Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, во своето обраќање на прес-конференцијата кажа дека во Македонија има по 150 случаи годишно на рак на грло на матка, а 60 умираат поради состојби поврзани со ова заболување.

„Ова заболување повеќе ги погодува помладите жени. 20 отсто од децата остануваат без своите мајки поради ова заболување“, кажа ДиЏовани.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Професионални спортисти од девет земји гости на спортските игри во Велес

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски настан „Спортски игри Велес“, кој ќе се одржи во Градскиот парк. Покрај спортисти од Македонија,...