Вечерва промоција на новата книга на Румена Бужаровска

Збирката есеи „Господ, па Америка“ ќе се промовира вечерва во Јавна соба, каде Ивор Мицковски ќе биде промотор

Фото: ТРИ

Новата книга на реномираната авторка Румена Бужаровска „Господ, па Америка“ ќе биде промовирана вечерва, во „Јавна соба“ во 19:30 часот.

Станува збор за збирка есеи, во издание на „ТРИ“. Есеите претставуваат „разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество“. Настанот ќе го модерира Ивор Мицковски.

Есеите беа претходно објавени на српски јазик во „Велике приче“, а сега го добиваат своето прво македонско издание.

„Го поминав истиот пат како авторката на патописите и не ми беше толку интересно како што ми беше читањето на оваа книга“, рече српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ за есеите.