fbpx

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

„Ќе влеземе во Рафах и ќе ги елиминираме тамошните баталјони на Хамас со или без договор, за да постигнеме целосна победа“, пишува во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си.

Oва се случува во исто време со напорите да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Но, на состанокот со роднините на заложниците, Нетанјаху рече дека ќе изврши инвазија „со или без“ договор.

Неговите коментари следат по обновените предупредувања од страна на САД против инвазија на Рафах без да бидат соодветно заштитени цивилите кои се наоѓаат таму.

Во телефонскиот разговор со Нетанјаху во неделата, американскиот претседател Џо Бајден ја „повтори својата јасна позиција“ за Рафах, соопшти Белата куќа.

Бајден претходно ја опиша инвазијата на Рафах како „црвена линија“.

Повеќе од половина од 2,5 милиони жители на Газа се во Рафах за да ги избегнат борбите во другите делови на територијата. Палестинскиот претседател Махмуд Абас со седиште на Западниот Брег во понеделникот рече дека инвазијата на Рафах ќе биде „најголемата катастрофа во историјата на палестинскиот народ“.

Израелски извори изјавија за новинската агенција Ројтерс во понеделникот дека плановите за напад на Рафах ќе бидат прекинати во корист на „одржлив период на смиреност“ доколку се постигне договор за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел.

Неколку дена претходно, израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, изјави за израелската телевизија Канал 12 дека ако има договор, ќе се прекине операцијата Рафах.

Но, денеска Нетанјаху инсистираше на тоа дека војната ќе продолжи додека Израел не ги постигне сите свои цели во Рафах.

„Идејата дека ќе ја запреме војната пред да ги постигнеме сите цели не доаѓа предвид“, рече тој.

„Ќе влеземе во Рафах и ќе ги елиминираме тамошните баталјони на Хамас со или без договор, за да постигнеме целосна победа“, стои во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху.

Се вели дека семејствата ги повикале премиерот и неговиот советник за национална безбедност, Цачи Ханегби, да ја продолжат војната и да го игнорираат зголемениот меѓународен притисок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...