fbpx

Израелски демонстранти блокираат и уништуваат хуманитарна помош за Газа

Четворица од учесниците на блокадите од крајно десничарската група Цав 9 биле уапсени откако ги празнеле и фрлале кутиите со храна наменета за Палестинци

-

Демонстранти од израелската крајнодесничарска активистичка група Цав 9 вчера блокираа камиони кои носеа хуманитарна помош во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Дополнително, по социјалните мрежи кружеа неколку видеа од истите демонстранти како ги земаат кутиите и вреќите со храна од камионите, ги празнат и ги фрлаат на улица.

Членовите на Цав 9 сметаат дека треба да се блокира протокот на хуманитарна помош во Газа сè додека Хамас држи израелски заложници. Истовремено, денес се слави Јом Хазикарон, ден на сеќавање на убиените војници на Израелл и жртвите на тероризмот.

„Апсурдно е тоа што на денот кога се сеќаваме на нашите сограѓани убиени од терористите [Хамас], државата продолжува да им пренесува помош на истите тие терористи“, велат од Цав 9.

Советникот за национална безбедност во САД Џејк Саливан ги осуди нападите, нарекувајќи ги „целосно неприфатливи“.

Четворица од демонстрантите се приведени.

Блокадата доаѓа по меѓународен притисок кон Израел со цел да се дозволи зголемен проток на хуманитарна помош во Газа, чии граѓани веќе седум месеци се соочуваат со недостиг на храна, како и тешко загрозена здравствена и хигиенска инфраструктура.

Истовремено, меѓународната хуманитарна организација Human Rights Watch објави нов извештај, во кој се утврдило дека израелските сили најмалку осум пати таргетирале возила или седишта на хуманитарни организации, без предупредување и откако истите организации ги известиле израелските сили за својата локација, пренесува Гардијан.

Најпознатиот ваков случај во јавност е оној кога во април израелските сили таргетираа три возила на хуманитарната организација Светска централна кујна, при што загинаа седум од нивните работници. Случајот предизвика бројни реакции од меѓународната заедница, особено од лидерите на земјите од каде што се жртвите, како Австралија и Велика Британија, кои повикуваат на независна истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...