Играта „Circus Electrique” е бесплатна на Epic Games до четврток

Даваме и дополнително препораки за слични бесплатни игри

Принтскрин од „Circus Electrique“ на YouTube

Играта Circus Electrique е бесплатна за преземање на Epic Games до четврток, 16 мај. Станува збор за инвентивна Turn Based игра со Steampunk тематика.

Circus Electrique наликува многу на играта Darkest Dungeon каде играте со четири лика против четири непријатели. Архетипите на ликовите од сите категории што ги содржи секој циркус ги има и овде. Приказната не е многу примамлива, но „глумата” е одлична, со добра актерска игра и синхронизација. 

Проблемот кај оваа игра е што од старт е прекомплицирана за луѓе кои не играле и не се навикнати на вакви игри, па може да изгледа како да содржи премногу елементи. Треба да одржувате циркус каде што се одржуваат настапи, додека вашите циркузанти се и борци против стимпак-киборзи во Лондон, а жителите се претворени во чудовишта во алтернативната 1899 година.   

Хумористичниот и пародичен пристап е сеприсутен во играта.

Исто така, секој лик има и ресурс што е најважен за менаџирање, наречен “Devotion” односно „посветеност”, а ако тој се истроши, ликот ја напушта играта.  Факторот на посветеност зависи и од тоа колку ги ангажирате и вклучувате вашите циркузанти во настапите во циркусот, односно што повеќе настапуваат толку повеќе посветеност имаат за специјални напади и одржливост. Претставите во циркусот не можете да ги гледате, а исто така не можете да ги употребите ликовите ако се тие веќе активирани во битка. 

За да се заврши оваа игра потребни се околу 20 часа, доколку знаете како да играте ваков тип на игри. Иако играта уште на почетокот станува репетитивна, сепак има играчи кои уживаат и во напредувањето и во битките.

Circus Electrique е забавна игра со специфичен арт стил и може да пружи многу забава. Играта во редовна продажба чини 20 евра, но сега можете да ја преземете бесплатно

Turn Based игрите воопшто се едни од „најзаразниот” вид игри што првично изгледаат непривлечно, но кога ќе навлезете во нив, станувате зависни. Моментално на прво место од Turn Based игри е Raid Shadow Legends (која е бесплатна и се игра и на мобилен телефон). Изобилува со широк избор на ликови а последниот лик „демоница сукубуса” излезе пред неколку дена: 

Друга популарна игра во моментов која е нов светски хит и има ваков стил на битки е несомнено Honkai Impact што во основа е “Genshin Impact за возрасни”. Играта е бесплатна, со аниме стил и многу популарна: 

Главниот востановен проблем со Honkai Imapact е што борбите имаат преизразени светлосни ефекти, кои не се намалуваат драстично ни со „eye comfort” опцијата во играта. Истиот проблем го има и Sandbox MMO-то Black Desert Online (за која имаме повеќе написи овде). 

Во категоријата на Turn Based игри мора да се спомне светскиот своевремен хит Heroes of Might and Magic III и Facebook играта која во поново време беше број еден, поради подемот на Марвел филмовите наречена “Marvel Avengers Alliance”. Играта беше прекината, иако луѓе ја играа со години, без никаква надокнада за оние кои трошеле пари.

Уште една препорака за одлична релативно скоро издадена Turn Based игра на мобилен телефон е “Angel Legion” за која имаме напис овде.