fbpx

Сежурне: Напредуваат разговорите за прекин на огнот во Газа

Работите се движат напред, но секогаш треба да се биде внимателен во овие дискусии и преговори. Ситуацијата во Газа е катастрофална и ни треба прекин на огнот, изјави францускиот министер за надворешни работи

-

Разговорите за прекин на огнот во Газа напредуваат, рече францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне во понеделникот во Ријад, каде што требаше да се сретне со другите министри на арапските и западните земји, како и со претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, пренесе „Гардијан“.

„Работите се движат напред, но секогаш треба да се биде внимателен во овие дискусии и преговори. Ситуацијата во Газа е катастрофална и ни треба прекин на огнот“, изјави тој за „Ројтерс“.

Има различни информации што ги објавуваат локалните медиуми за бројот на луѓе убиени во текот на ноќта од израелските воздушни напади врз Рафах, а некои од нив наведуваат дека бројот на загинати е 22 лица.

Во меѓувреме, израелската војска, и покрај континуираните дипломатски напори да спречи понатамошни борби, сè уште подготвува војници на границата со Газа, со цел да влезат во Рафах и во јужниот дел на појасот Газа, каде што се проценува дека се засолнети еден милион раселени луѓе.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Закани кон претседателката на Уставен: Импровизиран кревет и кујнски нож во гаражата на Кацарска

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера во полиција пријавила дека добила закани по својот живот, откако во нејзиното гаражно место пронашла импровизиран кревет и кујни ноќ. Ножот бил...