fbpx

Закани кон претседателката на Уставен: Импровизиран кревет и кујнски нож во гаражата на Кацарска

На новинарско прашање на денешната прес-конференција на Уставен, портпаролката Христина Беловска рече дека ножот бил пронајден во непосредна близина на нејзиното возило, на оддалеченост од 20 сантиметри. Кацарска и претходно се соочувала со закани на социјалните мрежи и имала низа други непријатности

-

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера во полиција пријавила дека добила закани по својот живот, откако во нејзиното гаражно место пронашла импровизиран кревет и кујнски нож. Ножот бил забоден на прекинувачот за светло.

„На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

На новинарско прашање на денешната прес-конференција на Уставен, портпаролката на судот Христина Беловска рече дека ножот бил пронајден во непосредна близина на нејзиното возило, на оддалеченост од 20 сантиметри.

„Дали се работи за случајност, оставаме надлежните да ги утврдат наводите“, рече Беловска.

Таа изјави дека Кацарска и претходно се соочувала со закани на социјалните мрежи и имала низа други непријатности, но не сакала да реагира за овие инциденти, сè додека не бил пронајден нож на нејзиниот личен имот.

Упатени закани кон Кацарска во коментари на објави на социјалната мрежа Фејсбук од пред неколку месеци / фото: Принтскрин, Фејсбук

Од МВР соопштија дека е известен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку, утрово беше запален автомобил во сопственост на затворот Идризово, што го користел директорот на установата Зоран Јовановски, кој беше судија поротник во судењето за случајот „27 април“, а предметот го судеше Кацарска.

На прашањето дали има поврзаност меѓу двата случаја, Беловска не сакаше да коментира и порача прашањата да се упатат на друга адреса.

Мандатот на Кацарска како претседателка на Уставниот суд завршува на 2 јуни, по што останува да биде уставна судијка.

Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...