среда, 12 август, 2026
Meta.mk

Ознака: Добрила Кацарска | 30 резултати

Кацарска: Добивав закани на секои два-три дена, а бев и физички нападната

мај 29, 2024

Претседателката на Уставниот суд во заминување Добрила Кацарска вели дека за време на нејзиниот мандат не поминувало недела без да добие некоја закана. Таа вели дека била и физички нападната. На денешната прес-конференција, каде таа даде и осврт на активностите за време на нејзиниот мандат, Кацарска вели дека некои од првичните закани не ги пријавувала […]

Германската амбасадорка Дрекслер до Кацарска: „Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина”

мај 28, 2024

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска се сретна со амбасадорката на Германија Н.Е. Петра Дрекслер, по повод завршувањето на мандатот како и неколкугодишната успешна соработка. На средбата, како што велат од Уставниот суд, било истакнато заедничкото задоволство од спроведените проекти и активности во Уставниот суд со поддршка на Сојузна Република Германија. Амбасадорката Петра Дрекслер […]

Закани кон претседателката на Уставен: Импровизиран кревет и кујнски нож во гаражата на Кацарска

мај 15, 2024

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера во полиција пријавила дека добила закани по својот живот, откако во нејзиното гаражно место пронашла импровизиран кревет и кујнски нож. Ножот бил забоден на прекинувачот за светло. „На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино […]

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните документи

февруари 15, 2024

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење, рече претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска. Сепак, […]

Кацарска: Предизвик за 2024 година е да се воведе уставна жалба за граѓаните

декември 26, 2023

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, на својата годишна прес-конференција на која ги изнесе заклучоците низ призма на работењето на Судот во текот на 2023 година, рече дека основниот заклучок од изминатата година е дека итно е потребно да се воведе уставна жалба за граѓаните. Таа упати порака до политичарите, до сите политички партии и […]

Протест на вработените во финансии поради намалените 30 отсто на додатоците на плата

декември 26, 2023

Вработени во Министерството за финансии денеска протестираа пред зградата на Уставниот суд, по одлуката со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 отсто на вработените во Министерството и во другите органи на управата, кои се опфатени со автентичното толкување. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, побара од претседателката на Уставниот суд, Добрила […]

Дрекслер: Преку уставна жалба, на граѓаните треба да им се овозможи да тужат за своите права пред Уставниот суд

ноември 23, 2023

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер изрази поддршка за иницијативата за воведување на уставна жалба во земјава, со што ќе се овозможи граѓаните да тужат за сите права од Уставот пред Уставниот суд на РСМ. Во текот на нејзиното излагање на Регионалната конференција на која е промовирана студија за уставна жалба во Република Северна […]

Од државите во регионот, само во Македонија го нема инструментот уставна жалба

ноември 22, 2023

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска повика на поддршка од сите политички чинители за воведување на уставна жалба во С. Македонија. Таа денеска се обрати на Регионалната конференција, која се одржа со цел промоција на потребата од воведување на уставна жалба. Без уставна жалба, граѓаните не можат да се жалат пред Уставниот суд за прекршување […]

Кацарска: Над 2 години чекаме избор на уставни судии, фрапирана сум од измените на Кривичниот законик

септември 8, 2023

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска е изненадена и фрапирана од носењето на измените од Кривичниот законик, особено што истите се донесоа без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а во услови кога повеќе од две години не може да се комплетира Уставниот суд и да се изберат уставни судии. „Би сакала да кажам дека […]

Кацарска: Во септември ќе бидат ставени на седница Преспанскиот договор и Законот за јазиците

јуни 28, 2023

Законот за јазиците и Преспанскиот договор ќе бидат ставени на седница во септември, односно најдоцна во октомври, кажа денеска на брифинг со новинарите претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа рече дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд. „Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од […]

Кацарска: Пратениците се неодговорни спрема уставните обврски, затоа сме без една третина од судиите

декември 28, 2022

За Уставниот суд годинава била полна со неизвесност и oтежнато функционирање во вршењето на неговите надлежности, а темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни спрема уставните обврски. Ова денеска го изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила […]

Во декември истекува мандатот на уште еден судија, работaта на Уставниот суд ќе биде блокирана

октомври 7, 2022

Алармантната состојба со неизбрани судии во Уставниот суд продолжува, при што државата ќе се најде во уставна криза што ќе има за последица од декември да нема услови за одржување на седници и Уставниот суд ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните. Вакво […]

Кацарска: Да се воведе уставна тужба, правото за здрава животна средина е ограничено пред Уставен

февруари 22, 2022

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска ја отвори темата за проширување на надлежностите на Судот преку воведување на уставна тужба, со која ќе се овозможи граѓаните да бараат заштита на слободите и правата, вклучувајќи го правото на заштита на животната средина, и да се надминат ограничувањата со кои може да се поднесе барање единствено […]

Добрила Кацарска е избрана за нов претседател на Уставниот суд

мај 26, 2021

Судијката Добрила Кацарска денеска е избрана за нов претседател на Уставниот суд со мнозинство гласови, на затворена седница. Таа доаѓа на местото на досегашниот претседател, Сали Мурати, кој ја напушта претседателската и судската функција во Уставен, поради завршување на мандатот и немање на право на реизбор. Тој оваа функција ја извршуваше од 30 октомври 2019 […]

Собранието ја избра Добрила Кацарска за уставен судија

ноември 26, 2020

Со 61 глас „ЗА“, Собранието попладнево ја избра Добрила Кацарска за нов уставен судија. Кацарска е избрана за судија во Уставниот суд по предлог на Судскиот совет. Нејзиниот мандат ќе трае 9 години, а таа доаѓа на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чиј мандат му истече во април годинава. Со изборот на Кацарска, […]

Судскиот совет предложи Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија

септември 29, 2020

Судскиот совет на РСМ на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за избор на нов судија во Уставниот суд. Судскиот совет може да предложи двајца од вкупно девет судии колку што брои Уставниот суд. Судијката Кацарска е предложена на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чијшто мандат веќе е истечен. Предлогот на […]

Во „Триста“ досудени девет години затвор за Ѓоко Поповски

октомври 22, 2019

Во завршницата на повтореното судење за случајот „Триста“ на СЈО, поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, повторно доби 9 години затвор. Според пресудата, Поповски направил злоупотреба на службената положба бидејќи спротивно на Законот за јавни набавки го прифатил предлогот на Комисијата во министерството и во периодот од 2008 до 2012 година не ги избрал најповолните […]

МЗД: Антидискриминациска со Груeвски покажа непрофесионалност и селективност

ноември 21, 2018

Целосно е доведена во прашање кредибилноста за вршењето на мандатот на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), со нејзиното селективно и непрофесионално работење, порача Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД). Реакцијата се однесува на мислењето на Комисијата со кое се утврди дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска преку непочитување […]

Адвокатот на Тарчуловски се сомнева дека Кацарска е роднина со некој од оштетените

септември 19, 2018

Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, побара изземање на судијката Добрила Кацарска бидејќи се сомнева дека таа е во роднински врски со некој од оштетените во предметот за упадот во Собрание на 27 април минатата година. Судијката побара да го образложи ваквото барање, а тој рече дека во текот на денот ќе достават докази […]

Кацарска останува да и суди на Јанкулоска, Џолев го одби барањето за нејзино изземање

септември 4, 2018

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на днешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој […]

Страна 1 од 2