На ФЕИТ започнаа натпреварите Робомак и Робомак јуниор

Станува збор за меѓународен натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, електрониката, автоматиката и вештачката интелигенција, со повеќе од 60 учесници од државата и од странство. Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи в сабота

Фото: Робомак

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се отвори 12-то издание на Робомак и 4-то издание на Робомак јуниор за средношколци.

Станува збор за меѓународен натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, електрониката, автоматиката и вештачката интелигенција, со повеќе од 60 учесници од државата и од странство. Станува збор за најголем настан од ваков карактер во државата.

„Покрај практичната работа, оваа недела ќе биде исполнета и со одлични предавања кои ќе им помогнат на натпреварувачите подобро да ги подготват своите решенија за финалето. Конечно, преку натпреварувачкиот дел, студентите ќе може да научат што значи тимска работа, вештина која ќе им помогне во нивната идна кариера“, рече д-р Владимир Атанасовски, деканот на ФЕИТ, на отворањето.

Студентите ќе имаат можност да имплементираат роботски системи за препознавање бои и говорни команди, а и ќе видат „робомаковската интерпретација“ на формула 1, односно програмирање на само-управувачки тркачки возила.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи в сабота.

Носители на настанот се македонската огранок на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и ФЕИТ, во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.