четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцинација | 629 резултати

Досега 49.000 граѓани пријавени за вакцинирање против сезонски грип

октомври 17, 2025

На ниво на држава, досега, на веб-страницата vakcinacija.mk, интерес да се вакцинираат со вакцината против сезонски грип изразиле 49.000 граѓани. Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посетил одделението за епидемиологија во Гостивар, каде што и тој самиот примил вакцина против сезонски грип. „Преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна […]

ИЈЗ: За цела сезона на грип починале 5 лица, сите биле невакцинирани

мај 30, 2025

Во текот на сезоната 2024/25 се регистрирани 5 смртни случаи асоцирани со грип. Починатите се од Скопје, Свети Николе и Радовиш и припаѓаат на возрасните групи над 65 години и 15-64 години. Сите случаи биле починати во болнички услови, со коморбидитети и невакцинирани против грип. Ова е наведено во завршната информација која ја објави Институтот […]

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

мај 13, 2025

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира испитување за нова вакцина против ковид-19 која ќе може да се инхалира и која би имала подобро дејство против вирусот, бидејќи директно ги таргетира […]

Вакцините не служат за депопулација на населението, туку за спасување човечки животи

март 8, 2025

Не навлегувајќи во религиозните и спиритуалните верувања изнесени во објавата што ја рецензираме, оценуваме дека делот во кој се тврди дека „вакцините се за разболување и депопулација“ е невистинит. Нема докази дека вакцините „духовно го отепуваат“ оној што ги прима како што невистинито се наведува во објавата. Милиони религиозни луѓе во светот и такви што […]

Сезонава грипот дава интензивни симптоми, досега 72.288 лица во државата примиле вакцина

февруари 20, 2025

Во време кога лекарите предупредуваат на интензивни симптоми на вирусот на грип и заболувања слични на грип, а пациентите се жалат дека симптомите им траат со недели, сè уште има на располагање дози од четиривалентната вакцина против грип, која штити од четири типови на инфлуенца. Вакцинацијата започна на 21 октомври лани, а досега (заклучно со […]

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

февруари 15, 2025

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација, наведува дека вакцините кои се регистрирани за употреба во нашата земја, се истите кои се користат во сите европски земји. Исто така, С. Македонија […]

Објава дезинформира дека ковид вакцините предизвикале енормна смртност кај спортистите

ноември 13, 2024

Објавата не цитира медицински студии со точно утврдена методологија, туку само сугерира бројки и тоа базирано на извештаи од медиуми. Научници и професори по медицина објаснуваат дека ваквите методи не може да се користат за да се сугерира зголемена смртност кај спортисти поради ковид вакцината. Дополнително, меѓу случаите што се наведуваат во финалната бројка од […]

Искористени се дури 72 oтсто од вакцините против сезонски грип

ноември 7, 2024

Од вкупно 72.600 дози четиривалентна вакцина против сезонски грип кои ги набави Министерството за здравство (во кои се вклучени и 2.600 комерцијални вакцини), искористени досега се 52.687, односно 72 отсто, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за состојбата со сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2024/2025 започна на 21 октомври […]

Таравари ја прими вакцината против сезонски грип

октомври 24, 2024

Министерот за здравство Арбен Таравари денес ја прими вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, каде е пунктот за вакцинирање здравствени работници, соопшти Министерството за здравство. „Оваа превентивна мерка за заштита на здравјето ја препорачувам и како министер и како здравствен работник, бидејќи сметам дека секој треба да се заштити од потешки форми […]

Од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

октомври 20, 2024

Од утре, понеделник, стартува вакцинацијата против сезонски грип, соопшти Министерството за здравство, од каде информираа дека обезбедиле 70 илјади бесплатни вакцини. Досега на интернет-порталот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип се пријавиле околу 33.000 граѓани, што, според здравствените власти, покажува зголемена свест за значењето на вакцината во заштитата на јавното здравје. Вакцинацијата ќе се спроведува […]

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

октомври 10, 2024

Преку веб страницата vakcinacija.mk, од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. „Пријавувањето се врши со пополнување на оваа апликација. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во […]

Вакцината против тетанус е безбедна и не го влошува здравјето

септември 29, 2024

Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) повеќето луѓе кои добиваат вакцина која помага да се заштитат од тетанус немаат сериозни проблеми. Со кој било лек, вклучително и вакцини, постои шанса за несакани ефекти. Тие обично се благи и исчезнуваат сами по себе во рок од неколку дена, но можни се сериозни реакции, пишува […]

Исти ветришта ги носат на Балканот дезинформациите за ковид и оние против ЕУ

септември 28, 2024

Слично како и на Балканот, така и во Германија, Франција, Шпанија, Швајцарија и Шведска, групите коишто порано ширеа ковид дезинформации, експресно се префрлија на проруските наративи. Дезинформациите за вакцините се штетни за обичните граѓани, но за оние што ги споделуваат веројатно се начин на кој гледаат на нештата, иако тоа гледиште е погрешно, а некогаш […]

Не е точно дека Камала Харис лажно се вакцинирала против ковид-19

септември 12, 2024

Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата […]

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема

септември 11, 2024

Во текот на 2024 година, а заклучно со 8 септември, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица од ковид-19. Во август е регистрирано зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во првата недела од септември, пак, регистрирани се 111 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако здравствените власти препорачуваат исклучиво вакцинација […]

За една недела две лица починале од ковид

август 26, 2024

За една недела регистрирани сe 213 нови позитивни случаи на ковид-19, од вкупно 597 тестирани материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Ова е намалување од 21 отсто во однос на минатата недела. Со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица, информираат во Институтот за јавно здравје […]

Препорачуваат вакцинирање против ковид-19, а вакцини нема

август 25, 2024

Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје. Мета.мк се обрати до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што […]

За една недела 25 нови заболени од пертусис, од нив тројца се хоспитализирани

август 6, 2024

Во периодот од 26 јули до 1 август пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје, а пријавени се и10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово. Возраста на заболените се движи од 2 […]

За една недела 30 нови случаи на голема кашлица

јуни 3, 2024

Во период од една недела пријавени се 30 нови случаи на голема кашлица во државата, со намалување од 11,8 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информираат во последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Најголем број од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, 21 случај, во Куманово 3, 4 случаи од Тетово и […]

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

мај 17, 2024

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај за оваа болест. Возраста на заболените се движи од 3 месеци до 77 години, а најголем број на случаи се од возрасната група 5-9 години. Во […]

Страна 1 од 32