Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Вирусот беше изолиран на 7 јануари 2020 година, тој беше нов, а не „планиран“ и светот целосно беше сведен на справување со последиците од коронавирусот сè додека не се појавија вакцините кои придонесоа за колективен имунитет

-

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно докажани ефикасни мерки. Вирусот беше изолиран на 7 јануари 2020 година, тој беше нов, а не „планиран“ и целосно светот беше сведен на справување со последиците од коронавирусот сè додека не се појавија вакцините кои придонесоа за колективен имунитет, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

АВСТРАЛИЈА
Откриена е вашата глобална агенда. Јас си ги сакам своите деца и се грижам за своите внуци. Австралија ќе биде слободна земја во иднина.
Австралискиот сенатор Малколм Робертс: Таканаречената „пандемија“ беше планирана со децении однапред и координирана ширум светот.
Но, ние ќе ве гониме вас, кои сте виновни. Ќе ве гониме и ќе бараме одговорност.

Во склоп на објавата се споделува видео во кое сенаторот Робертс зборува за „план кој се планирал со децении глобално“, „се носеле закони за да се контролираат доктори и луѓе“, но сега „луѓето се будат, а одговорните ќе бидат гонети со цел ослободување и дека во иднина ќе биде експонирана глобалната агенда“.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Политифакт, спротивно на она кое го тврди Робертс, пандемијата со ковид-19 не беше фабрикувана или планирана.

На видеоматеријалот може да се види Робертс на настан наречен „Истрага за ковид 2.0“. Некои говорници на настанот ги критикуваа владините ограничувања за пандемијата и вакцинацијата против ковид-19. Но, не станува збор за никакво судење за злосторства против човештвото, туку настан, пишува Политифакт.

Како што веќе Вистиномер и претходно анализираше, станува збор за сенаторот Малком Робертс кој им поставуваше прашања на медицинскиот директор на „Фајзер“ за Австралија, доктор Кришан Тиру и на доктор Брајан Хјуит. Едно од неговите прашања беше дали за време на вакцинацијата се користела серија на вакцини специјално увезена за вработените на „Фајзер“ во Австралија и која не била тестирана од ТГА.

Неговите прашања на еден или на друг начин предизвикуваа одговори од кои подоцна се ширеа разни теории на заговор, како на пример, невистината дека вработените на „Фајзер“ добиле „специјални серии вакцини“, што секако не е вистина. Теоретичарите на заговори цела пандемија ја поминаа дезинформирајќи за „пландемија“, наводен план за депопулација, масовна контрола врз граѓаните и светска доминација. Причината за овие наративи беше тоа што како епидемиолошка мерка стара со децении, се користеа маски и изолација, што за теоретичарите на заговори беше доволна причина да се обвинат светските власти дека планирале вакво затворање и дека уживаат да спроведуваат контрола и одземање на слободите на светското население.

Наспроти оваа манипулација, болниците и дневните статистики на Министерството за здравство покажуваа поинаква слика. Додека антиваксерите во земјава и светот протестираа, се случуваше дневно од ковид да починат и по 40 луѓе! Логиката е неиздржана и манипулаторска, впрочем како и целата теорија на заговор околу ,,пландемијата”. Вирусот е докажан и изолиран.

Владите мораа да реагираат за да го заштитат своето население, особено во периодот од пандемијата кога вакцините уште не беа создадени. Тие карантини и изолации, носења маски, предизвикаа револт кај граѓаните и ги направија поподложни да примаат разни теории на заговори.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Фактчек има и документарен филм наречен „Пландемија“ кој им ветува на гледачите дека „ќе ги разоткрие политичките и научните елити кои ја протуркале измамата за нашиот глобален здравствен систем“. Во видеото од 26 минути се измешани теории на заговор за пандемијата со коронавирусот и неговото потекло, вакцините, третманот со ковид-19 итн.

Во текот на пандемијата со коронавирусот, беа изнесувани невистини од широк спектар, како на пример дека ковид бил „план за депопулација“ наспроти фактот што бројот на светското население се повеќе расте.

Изнесеното во објавата што ја рецензираме, дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски  – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно докажани ефикасни мерки. Вирусот беше изолиран на 7 јануари 2020 година, тој беше нов, а не „планиран“ и светот целосно беше сведен на справување со последиците од коронавирусот сè додека не се појавија вакцините кои придонесоа за колективен имунитет. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...