fbpx
Таг: пандемија

таг: пандемија

Не постои ковид „пландемија“ за контрола на луѓето преку 5Г мрежата

Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на податоци од луѓе за...

Климатските промени не се нова „пландемија“, туку реалност и научно се докажани

Климатските промени беа во фокусот на Светскиот економски форум (СЕФ) во 2021 година, но тие се високо на агендата и во последниве години и тука нема ништо спорно. Наспроти тврдењата во објавата што се шири на Фејсбук, климатските промени не се лага, ниту „пландемија“, ниту теорија на заговор. Глобалното затоплување и климатските промени се научно докажани – и тоа...

СЗО не планира да имплементира „договор за пандемија“ и да го одземе суверенитетот на земјите-членки

Светската здравствена организација (СЗО) подготвува меѓународен договор, кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги принуди земјите-членки да се...

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили за време на ковид...

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за која здравствените експерти сметаат...

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го загрозуваат офлајн светот и покрај тоа што се пласирани онлајн. Нејзиниот говор во смисла на...

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува на смртни случаи кои...

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации или преку одделени средства...

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе важни од руската инвазија...

Бројот на проститутки во Германија зголемен за 19 отсто по укинувањето на ковид мерките

Бројот на проститутки во Германија е зголемен за речиси една петтина од укинувањето на мерките за пандемијата минатата година, објави во петокот Федералниот завод за статистика, пренесе агенцијата ДПА. На крајот на 2022 година, властите регистрирале 28.280 проститутки, 19 отсто повеќе од една година порано. „Целосното укинување на мерките против коронавирусот во април 2022 година е веројатно главната причина“, велат статистичарите. На...

На Фејсбук повторно се шират конспирации за пандемијата и „длабоката држава“

Објавата произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна и дека луѓето треба да се борат против некакви сатанисти и против некоја „длабока држава“. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето и за тоа има медицински докази и факти. Конспирациската теорија за длабока држава особено зема залет за време...

СЗО не е сатанистичка организација, ниту пак, брутално се заканува барајќи покорност

Светската здравствена организација е насочена кон спасување на човековите животи преку промоција на подобри здравствени услуги, поголема покриеност со здравствени услуги за сите луѓе во светот преку стратегии и цели кои директорот на СЗО, Тедрос Аданом бара да се почитуваат и да се постигнуваат. Нема ништо сатанистичко во тоа да се насочуваат државите членки на СЗО да обезбедуваат подобра...

Владата без критериуми исплатила речиси 100 милиони евра за справување со ковид-19 кризата

Речиси 100 милиони евра од страна на Владата преку потпрограмата Мерки за справување со ковид-19 кризата, во 2021 година биле исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства, при што 33 отсто од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. За потпрограмата П1 – Мерки за справување...

Не е точно дека на повидок е нова пандемија на птичји грип

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и не се поткрепени со...

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи пандемија. Тој во ниеден момент не кажува дека сака глобална пандемија и затворска држава, ниту, пак, зборува за мерки кои би...

Општините не се справиле добро со ковид-пандемијата, граѓаните се незадоволни

Во државата нема Национална стратегија за намалување на ризици од катастрофи, каде јасно ќе се дефинираат приоритетите и стратешките цели на национално ниво, што не дава солидна основа за планирање ефикасна политика за намалување на последиците од катастрофи и јакнење на отпорноста при кризни ситуации, епидемии, пандемии и слично. Управувањето со кризи е уредено преку два независни система на...

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не придонеле за нејзиното стабилизирање....

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти....

Пораките на Мат Хенкок не се доказ за „пландемија“

Протечените пораки во постот не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била измислена. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19 – кент варијантата. Сепак, тоа не значи дека тој на некој начин ја планирал ...

Постот манипулира дека американската администрација официјално потврдила лабораториско потекло на ковид-19

Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш  предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...