fbpx

Бројот на проститутки во Германија зголемен за 19 отсто по укинувањето на ковид мерките

На крајот на 2022 година, властите регистрирале 28.280 проститутки, 19 отсто повеќе од една година порано

-

Бројот на проститутки во Германија е зголемен за речиси една петтина од укинувањето на мерките за пандемијата минатата година, објави во петокот Федералниот завод за статистика, пренесе агенцијата ДПА.

На крајот на 2022 година, властите регистрирале 28.280 проститутки, 19 отсто повеќе од една година порано.

„Целосното укинување на мерките против коронавирусот во април 2022 година е веројатно главната причина“, велат статистичарите.

На крајот на 2019 година, последната година пред пандемијата, во Германија имало 40.370 проститутки.

Според Законот за заштита на проститутките, сексуалните работници мора да бидат регистрирани од 2017 година. Во Германија претходно беше легализирана проституцијата.

Понатаму, на крајот на 2022 година, во земјата работеа 2.310 лиценцирани бизниси за проституција, вклучително и бордели. Во 2019 година имало 2.170 такви компании.

Статистичарите нагласуваат дека бројките не ги вклучуваат непријавените проститутки и бизнисите во сексуалната индустрија.

Меѓу регистрираните проститутки, 5.200 или 18 отсто се германски државјани. Најмногу проститутки во Германија дошле од Романија, 35 отсто, Бугарија 11 отсто и Шпанија шест отсто.

Статистиката покажува дека од рускиот напад на Украина, бројот на украински граѓани кои се регистрирале како пшроститука е зголемен – од 180 на крајот на 2021 година на 470 12 месеци подоцна.

ИзворДПА

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...