fbpx

Почина Д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија

Професор Д-р Мицев починал утрово по кратко боледување. Неговата библиографијата регистрира 110 стручни трудови, објавени во домашни и светски списанија. Автор е на книгите „Стравот низ дневникот на еден психијатар“, „Зошто“, како и ко-автор на учебниците „Психијатрија 1 и 2’’

-

Универзитетската клиника за психијатрија денеска со жалење соопшти дека денеска во утринските часови по кратко боледување почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија. Мицев беше и поранешен претседател на Македонското лекарско друштво и на Македонската психијатриска асоцијација.

Како што посочуваат од клиниката, проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград. Тој во Cкoпje завршува средно училиште (1957) и Медицински факултет (1965). Потоа две години работи како лекар по општа пракса во Гостивар.

Од 1968 година до 1974 година работел во Лондон, каде во 1972 година добил диплома за завршена психолошка медицина, односно специјалистичка диплома по психијатрија.

„Со такво богато стручно образование се враќа во Скопје и истата 1974 година се вработува на Клиниката за невропсихијатрија, како единствен лекар во тоа време кој специјализирал во странство“, велат од Клиниката за психијатрија. Во 1984 година проф.д-р Мицев одбранил докторат на Медицинскиот Факултет во Скопје.

Во 1976 година проф. д-р Мицев повторно бил на студиски престој во Лондон, кој се повторува и во 1980, 1983 и 1985 година.

На неколку наврати Мицев бил визитинг професор на универзитетот Сент Луис во САД, а во 1999 година бил визитинг-професор и на Њујоршкиот универзитет.

На Универзитет Кирил и Методиј – Скопје, д-р Мицев беше професор на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Филозофскиот факултет.

Библиографијата на проф. д-р Мицев регистрира 110 стручни трудови, објавени во домашни и светски списанија. Тој е автор и на книгите: „Стравот низ дневникот на еден психијатар“, „Зошто“, како и ко-автор на учебниците „Психијатрија 1 и 2’’.

Од Универзитетската клиника дополнуваат дека неговото творечко љубопитство се одразува и во практиката.

„Неврозите и психотерапијата се посебното поле на интерес од неговата потесна специјалност. Супспецијалист е по психотерапија и ја вовел когнитив-бихевиор психотерапијата во Македонија и е еден од познатите автори на лекување на фобичните заболувања“, соопшти клиниката додавајќи дека Д-р Мицев беше активен член на Светската психијатриска асоцијација и на Европскиот комитет за едукација во психијатријата.

Погребот на проф. д-р Витомир Мицев ќе се одржи во недела, 17 септември 2023 година, со почеток во 12:30 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...