fbpx

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во првиот „предизборен“ квартал на ниво од 14,5 отсто – дел од ресорите со 0 реализација

Два ресори за три месеци имаат „нула“ реализација на ставката капитални расходи. Тоа се Министерството за политички систем кое за годинава има буџет од 12.500 евра и Министерството за локална самоуправа кое за годинава има на располагање скоро 72.000 по овој основ

-

Министерства кои располагаат со буџети за капитални расходи што се бројат во стотици милиони евра, во првиот предизборен квартал од годинава испорачале лазечки стапки на реализација, пишува Порталб.мк. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека двојните избори сепак имаат влијание врз јавните инвестиции – за три месеци реализацијата на ниво на вкупниот буџет изнесува само 14,47 отсто.

МВР со највисок процент на реализација, два ресори со нула

Дел од министерствата за три месеци имаат реализација на капиталните расходи пониска од 1 отсто, а меѓу нив се Министерството за правда со остварување од само 0,33 проценти од вкупната годишна сума во износ од 341.335 евра, Министерството за економија од вкупниот буџет за јавни инвестиции во износ од 5,4 милиони евра, реализирало 0,16 отсто.

Два ресори за три месеци имаат „нула“ реализација на ставката капитални расходи. Тоа се Министерството за политички систем кое за годинава има буџет од 12.500 евра и Министерството за локална самоуправа кое за годинава има на располагање скоро 72.000 по овој основ.

Министерството за надворешни работи годинава има буџет за капитални расходи во износ од 1,4 милиони евра, а реализацијата во првите три месеци изнесува 1,15 отсто. Министерството за финансии има реализација од 3,24 отсто, додека Министерството за финансии – функции на државата кое има буџет од 86,5 милиони евра наменети за трансфери, помош, поддршка, за три месеци од оваа сума исплатило дури 38,7 проценти. 

Неколку ресори за три месеци успеале да остварат над 20 отсто од планираните капитални инвестиции. Така, Министерството за одбрана, од вкупниот буџет во износ од 107,3 милиони евра, потрошило скоро 22 отсто, Министерството за животна средина реализирало 24,24 проценти од вкупниот годишен буџет од 34,4 милиони евра, МИОА од вкупните средства во износ од 2,4 милиони евра потрошило 25,92 отсто, а Министерството за здравство од 13 милиони евра планирани за капитални расходи реализирало 24,87 проценти.

Дел од ресорите кои располагаат со погломазни буџети за јавни инвестиции, пак, во првиот квартал испорачале пониски стапки на реализација. Министерството за труд и социјална политика од сумата во износ од 3,5 милиони евра потрошило 17,35 отсто. Министерството за транспорт кое за годинава по основ на капитални инвестиции треба да потроши 314,1 милион евра, за првите три месеци испорачало реализација од 2,25 проценти, а Министерството за земјоделство – 9,04% од вкупниот буџет кој изнесува над 10,2 милиони евра. Министерството за образование кое располага со годишен буџет 36,7 милиони евра, за три месеци остварило реализација од 15,55 отсто.

Поголема стапка на реализација од 49,52 отсто испорачало Министерството за внатрешни работи, кое годинава раполага со 17,6 милиони евра за капитални расходи. Министерството за култура, од вкупните средства во износ од скоро 1 милион евра по основ на капитални расходи, потрошило 38,84 отсто.

Според економистите, ниската стапка на реализација на капиталните инвестиции во првите три месеци се објаснува со вообичаена „апстиненција“ во првите зимски месеци, кога и поради временскиот фактор има застој, пред сè, на инфраструктурните проекти, но влијание имаат и изборите, односно предизборниот период кој започна со самиот почеток на оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...