fbpx

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Министерството за финансии санкционираше и речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Турција и Словачка, бидејќи и овозможиле на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги забраните

-

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и Словачка, кои наводно ја поддржуваат Русија во набавката на оружја.

„Денешните дејствија дополнително ќе ги нарушат и деградираат воените напори на Русија со напад врз нејзината воена индустриска база и мрежите што помагаат во нејзино снабдување“, рече американската министерка за финансии, Џенет Јелен во врска со санкциите.

Лиу Пенгју, портпарол на кинеската амбасада во Вашингтон, кажува дека владата го надгледува извозот на артикли со двојна употреба во согласност со законите и прописите, додавајќи дека нормалните трговски и економски интеракции меѓу Кина и Русија се слични со правилата и пазарните принципи на Светската трговска организација.

„Кинеската страна цврсто се противи на незаконските еднострани санкции на САД“, рече тој.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Турција и Словачка, бидејќи ѝ овозможиле на Русија да ја набави технологија и опрема за војување од странство, заобиколувајќи ги забраните.

Исто така во средата, Стејт департментот ја обвини Москва за наводно користење различни иритирачки гасови во текот на инвазијата во Украина, што би претставувало прекршување на глобалната забрана за користење на хемиско оружје.

Дополнително, Стејт департментот посочи три лица кои сметаат дека биле инволвирани во смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој важеше за најпознат домашен критичар на претседателот Владимир Путин. Навални почина во февруари во руски затвор на Арктикот. Руските власти соопштија дека тој починал од природна смрт, но неговите следбеници веруваат дека тој бил убиен од властите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...