Петровска на воено-дипломатски прием во македонската амбасада во Вашингтон

„Во раните деведесетти мојата земја се соочи со голем предизвик, да прогласи независност во мир избегнувајќи војна и страдања. Денес, истакнувајќи го европскиот концепт на единство во разликите работиме на уставни измени за да го обезбедиме нашиот пат кон Европската унија“, рече министерката

-

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на работната посета на Соединетите Американски Држави во амбасадата во Вашингтон, порача дека нашата држава денеска треба да го обезбеди својот европски пат и се заблагодари за поддршката од нашиот стратешки партнер – САД, во развојот на демократијата и зацврстувањето на мирот.

Таа се обрати на свечениот прием во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија и Денот на Армијата.

Министерката Петровска порача дека во трите децении независност беа испишани многу страници македонска историја, исполнети со предизвици и тешки одлуки.

„Во раните деведесетти мојата земја се соочи со голем предизвик, да прогласи независност во мир избегнувајќи војна и страдања. Денес, истакнувајќи го европскиот концепт на единство во разликите работиме на уставни измени за да го обезбедиме нашиот пат кон Европската унија“, рече министерката.

На приемот присуствуваше Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, поранешниот амбасадор на САД во државава, Џес Бејли, поранешни одбранбени аташеи и претставници на американската амбасада во Скопје и Канцеларијата за одбранбена соработка со САД, како и претставници на академската заедница.

Здружение на инженери: Во буџетот да се предвидат пари за проектот „Чебрен“

Здружението на инженери на Република Македонија, преку соопштение до јавноста, денеска побара во буџетот за 2025 година да се предвидат средства за почеток на изградбата на реверзибилната хидроцентрала Чебрен,...