Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Предлог законот, кој Бајден се очекува да го потпише, вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван, но и го принудува сопственикот на ТикТок да ја продаде социјалната мрежа поради безбедносни причини

-

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но и го принудува сопственикот на ТикТок да ја продаде социјалната мрежа поради безбедносни причини, пренесува Би-би-си.

Долниот дом на Конгресот, односно претставничкиот дом, изминатиот викенд го изгласа предлог-законот, а се очекува дека претседателот Џо Бајден ќе го потпише истиот.

Мерката вклучува 61 милијарда долари воена помош за Украина, 26 милијарди долари помош за Израел (во која спаѓа и хуманитарна помош за Газа) и 8 милијарди долари помош за земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, за да се спротивстават на „комунистичката Кина“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколкупати во последните недели изјави дека помошта од САД е „клучна“ и дека без неа Украина би ја изгубила војната против Русија. Тој им се заблагодари на САД откако Претставничкиот дом го изгласа предлог-законот.

Тајванскиот претседател и израелскиот министер за надворешни работи исто така се заблагодарија на САД, но претставник од кинеската влада изјавил дека предлог-законот „може да ја прати погрешната порака на силите кои се залагаат за независност во Тајван“.

Но, можеби и поконтреверзниот дел од предлог-законот се мерките против ТикТок.

ТикТок се противи на предлог-законот, велејќи дека истиот „ги прекршува правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци и би затворил платформа која придонесува 24 милијарди долари за американската економија годишно“.

Американските конгресмени тврдат дека апликацијата им овозможува на кинеските власти да ги шпионираат американските корисници на апликацијата.

ТикТок тврди дека никогаш нема споделено податоци со кинеската влада и дека не би сторило тоа доколку кинеската влада им побара.

Други противници на предлог-законот велат дека доколку кинеската влада сака да има пристап до податоците на американски граѓани, таа може да стигне до нив преку комерцијални брокери на податоци.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...