fbpx

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезеира

Одлуката доаѓа еден месец откако Нетанјаху вети дека ќе го затвори телевизискиот канал во земјата

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезеира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN.

„Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезеира ќе биде затворен во Израел“, напиша Нетанјаху во објава на платформата Х.

Одлуката доаѓа еден месец откако Нетанјаху вети дека ќе го затвори телевизискиот канал во земјата по усвојувањето на сеопфатниот закон кој и дозволува на владата да ги забрани странските мрежи кои се сметаат за закана за националната безбедност.

Нетанјаху на почетокот на април на „Х“ рече дека има намера веднаш да дејствува во согласност со новиот закон за да ја запре активноста на медиумот во земјата. Владата на Нетанјаху долго време се жалеше на работењето на Ал Џезира, обвинувајќи ги за анти-израелска пропаганда.

Како одговор, Ал Џезеира, која на терен известуваше за војната на Израел против Хамас во Газа, ја критикуваше одлуката и вети дека ќе продолжи со своето, како што нагласија, храбро и професионално известување.

Групите за човекови права го осудија новиот закон што му дава овластувања на премиерот и министерот за комуникации да наредат привремено затворање на странските мрежи кои работат во Израел. Тие сметаат дека овие овластувања би можеле да имаат далекусежни импликации врз меѓународното медиумско покривање на војната во Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...