fbpx

Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ

Беспилотните летала се уништени во регионите Харков, Керсон и Дњепропетровск

-

Украинските единици за противвоздушна одбрана собориле 23 од 24 дронови „Шахед“ што Русија ги користела за напади на Украина ноќта меѓу 4 и 5 мај, објави командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук, пренесува агенцијата Укринформ.

Според Олешчук областите од каде се случиле нападите биле Курск, Русија и Кејп Чауда, Крим, а противвоздушните ракетни единици на украинските воздухопловни сили и мобилните огнени групи на украинските одбранбени сили го одбиле воздушниот напад. Беспилотните летала се уништени во регионите Харков, Керсон и Дњепропетровск. Во изминатите 24 часа на линиите на фронтот биле регистрирани 95 борбени ангажмани, според податоците од Генералштабот на вооружените сили на Украина, во кои руските сили нападнале со пет ракетни и 69 воздушни напади врз позициите на украинските трупи и населените области.

Украинформ информира дека вкупните борбени загуби на Русија во Украина меѓу 24 февруари 2022 година и 5 мај 2024 година изнесуваат околу 474.260 војници, вклучително и 860 убиени или ранети во акција во изминатите 24 часа. Покрај тоа, украинските одбранбени сили уништиле и 7.375 руски тенкови, 14.179 оклопни борбени возила, 12.212 артилериски системи, 1.057 повеќекратни ракетни фрлачи, и друго вооружување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...