fbpx

Почина новинарот Предраг Димитровски

Димитровкски беше новинар со повеќе од 30 годишно работно искуство во професијата

-

По кусо боледување, почина долгогодишниот новинар Предраг Димитровски (Пепи). Тој беше новинар со повеќе од 30 годишно работно искуство во новинарството. Димитровски работеше во дневниoт весник „Вечер“ како новинар и уредник, а беше и главен уредник во весникот од 2005 до 2006 година. Исто така работеше и во весникот „Дневник“, а потоа замина да работи во Комисијата за лустрација како одговорен за односи со јавност.

Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Прессинг ТВ“, каде што специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...