Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германските компании треба да бидат внимателни со задолжителниот даночен софтвер што го бара кинеската влада, бидејќи тие програми ризикуваат да им овозможат на кинеските власти пристап до внатрешните информации на компанијата, изјави потпретседателот на германската Сојузна служба за заштита на уставниот поредок, Синан Селен

-

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Германските компании, на пример, треба да бидат внимателни со задолжителниот даночен софтвер што го бара кинеската влада, бидејќи тие програми ризикуваат да им овозможат на кинеските власти пристап до внатрешните информации на компанијата, изјавил потпретседателот на германската Сојузна служба за заштита на уставниот поредок, Синан Селен.

„Сè повеќе гледаме обиди да се влијае на политиката, бизнисот и науката со нелегитимни средства, но и со класична шпионажа“, рече Селен на почетокот на заедничкиот настан за справување со ризиците од Кина организиран денеска од агенцијата и од Алијансата за безбедност во бизнисот (ASW).

Тој рече дека е крајно време деловните лидери да дојдат до пореална проценка.

„Онаму каде што германските менаџери беа премногу наивни и оптимисти, компаниите практично се распаднаа“, рече тој.

За да се вооружат против овој ризик и инфилтрација на малициозен софтвер преку кинески апликации, германските компании сега генерално им даваат на вработените во Кина „празни“ уреди кои работат надвор од мрежата на глобалната компанија.

Конференцијата доаѓа само неколку дена откако германските безбедносни служби уапсија четворица осомничени под обвинение за шпионирање за Кина, вклучително и помошникот на истакнатиот политичар во екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), Максимилијан Крах.

Тројца осомничени шпиони беа уапсени претходно во западна Германија под обвинение дека добиле информации за воената технологија во Германија, со цел да ги пренесат на кинеската тајна служба.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...