среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: шпионажа | 33 резултати

Амнести ги обвини српските власти дека шпиунираат новинари и граѓански активисти, БИА негира

декември 16, 2024

Српската полиција и разузнавачките власти користат напреден шпионски софтвер за телефони заедно со форензички производи за мобилни телефони за незаконско таргетирање новинари, активисти за заштита на животната средина и други поединци во кампања за тајно следење, открива новиот извештај на „Амнести интернешенел“. Извештајот насловен како „Дигитален затвор“: Надзор и сузбивање на граѓанското општество во Србија“, […]

Американскиот новинар Еван Гершковиќ осуден на 16 години затвор во Русија

јули 19, 2024

Новинарот на американскиот „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ денеска во Русија беше осуден на 16 години затвор за шпионажа кое се верува дека е политички мотивирано. Руското обвинителство побара тој да биде осуден на 18 години затвор. Гершковиќ беше уапсен на 29 март 2023 година во Екатеринбург. Руските власти го обвинија, како што тврдат светските медиуми […]

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

април 24, 2024

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на пример, треба да бидат внимателни со задолжителниот даночен софтвер што го бара кинеската влада, бидејќи тие програми ризикуваат да им овозможат на кинеските власти пристап […]

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

април 23, 2024

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство, пренесе германската новинска агенција ДПА. Тие наводно ѝ предавале на Кина информации за технологијата што може да се користи за воени цели најдоцна од јуни 2022 […]

Истрага за руската шпионажа: Германски офицер користел несигурна врска

март 6, 2024

Русите успеале да го прислушуваат разговорот меѓу високите офицери на Бундесверот за крстосувачките ракети Таурус поради грешка на еден од учесниците во дискусијата. На тоа укажуваат првите резултати од истрагата, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесе германската новинска агенција ДПА. Писториус вчера изјави дека полицаецот кој се приклучил на разговорот од Сингапур направил […]

Германија поради Русија ги засили мерките против шпионажа

март 5, 2024

Русија нема да успее да создаде поделби во Германија, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во врска со неодамнешното руско шпионирање на германската армија, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Пропагандната машина на Путин сака да ја дискредитира нашата земја, да манипулира со јавното мислење и да го подели нашето општество“, изјави денеска министерката за […]

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати во последниве две години вршеа шпионажа

септември 23, 2023

Сите 21 лице со руски дипломатски статус што беа протерани, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Нашите служби, заедно со партнерските служби од НАТО тоа недвосмислено го докажале, појаснува тој. „Во изминатите две години, без последните тројца, протеравме 18 руски дипломати кои практично имаа статус на дипломати, а […]

Тројца бугарски државјани уапсени во Британија за шпионажа за Русија

август 15, 2023

Британските служби уапсиле тројца бугарски државјани за шпионажа во корист на Русија, пренесува mediapool.bg. Еден од уапсените лица бил поранешен советник во бугарското Министерство за енергетика. Тројцата биле задржани уште во февруари годинава, но информацијата од британските власти е објавена денеска. Тројцата бугарски државјани се во притвор, а според објавените информации станува збор за 45-годишниот […]

САД го соборија спорниот кинески балон кој прелетуваше над американска територија

февруари 5, 2023

На висока надморска височина над Атлантскиот Океан, САД го собори џиновскиот кинески балон за кој велат дека шпионирал клучни воени локации, откако балонот ја премина територијата на САД и предизвика дипломатски јаз меѓу двете земји. Американското Министерство за одбрана потврди дека неговите борбени авиони го собориле балонот над територијалните води на САД, пренесе Би-би-си. Претседателот […]

Откажана посетата на Ентони Блинкен на Кина по случајот со кинескиот балон

февруари 3, 2023

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја одложи посетата на Кина по аферата со кинескиот балон кој беше „уловен“ на небото над САД, јави Би-би-си. Кина вели дека балонот се користел за метеоролошки истражувања, но одлутал од трасата поради лошо време. Властите на САД, пак, се сигурно дека станува збор за кинески „извидувачки“ балон. Сепак, […]

Регистар на руски шпиони идентификува 42 лица уапсени додека делувале во Европа

јануари 27, 2023

Регистар на руски шпиони во Европа објавен на Твитер, идентификува 42 лица, кои делувале во своите земји, за што добивале пари од Руската Федерација. Овој регистер е оформен врз основа на отворените податоци и информации за апсења или судења на овие идентификувани руски шпиони за изминатите пет години, , пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Бугарската влада бара измени на Кривичниот законик заради сузбивање на руската шпионажа

јануари 4, 2023

Техничката влада на Бугарија бара да се измени Кривичниот законик за да се зајакне спротивставувањето на шпионажата. Предлозите за измените се дел од Извештајот за националната безбедност на Бугарија во 2021 година, кој од владата беше пуштен во парламентарна процедура на крајот на минатата година, пишува бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg. Во извештајот се предлага Кривичниот […]

Во Подгорица уапсени црногорски државјани осомничени дека работеле за руското разузнавање

септември 29, 2022

Неколку државјани на Црна Гора се утрово уапсени во главниот град Подгорица под сомнеж дека работеле за разузнавачката служба на Русија, јавува црногорскиот весник „Вијести“ на својата веб-страница, повикувајќи се на повеќе извори. Според сознанијата на „Вијести“, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а била извршена по налог на Специјалното државно обвинителство. Според […]

Истрага во Бугарија за шпионажа во полза на Русија од страна на контраразузнавачи

април 1, 2022

Специјалното обвинителство на Бугарија почна истрага за двајца вработени во Државната агенција за национална сигурност – ДАНС (пандан на македонската АНБ) и на еден вработен во министерство што не е точно посочено, но се знае дека не станува збор за Министерството за внатрешни работи, јави бугарски „Медиапул“. Станува збор за сомнежи за нивна вклученост во […]

Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионажа на нејзината армија

септември 24, 2020

Бугарското министерство за надворешни работи протера двајца руски дипломати за кои обвинителите се сомневаат дека биле вмешани во шпионирање, давајќи им 72 часа да ја напуштат земјата. Двајцата дипломати барале класифицирани информации за плановите за модернизација на армијата и за одржување на воената опрема од 2016 година и имале за цел информациите да ги пренесат […]

Врховен ја укина пресудата против Костовски за шпионажа, а ја потврди за прислушувањето

декември 15, 2017

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Звонко Костовски беше осуден за шпионажа во случајот „Пуч“ и предметот во овој дел го враќа на повторно судење во првостепениот суд. Истовремено Врховниот суд ја потврдил одлуката на Кривичниот суд за делото неовластено прислушување и тонско снимање, за што Костовски доби една […]

„Велт“: Турција ги шпионира германските пратеници

јуни 28, 2017

Германската федерална полиција ги предупреди пратениците дека можеби се шпионирани од турски разузнавачки служби и оти може да се соочат со безбедносни ризици од Турци. Германскиот весник „Велт“ објави дека извештајот на германската федерална полиција би можел дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и Германија. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека кабинетот на федералната криминална полиција […]

ЗНМ бара укинување на притворот на Зоран Божиновски

мај 11, 2017

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува судот итно да го укине притворот на новинарот Зоран Бижиновски и да му дозволи да се брани од слобода во постапката што се води против него за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Од ЗНМ денеска соопштија дека негови и претставници на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај оваа […]

Челси Менинг ќе биде ослободена на 17 мај

мај 10, 2017

Челси Менинг, трансродната личност што беше осудена на затворска казна од 35 години поради објавување доверливи информации, ќе биде ослободена на 17 мај. Менинг одлежа речиси седум години во воениот затвор „Форт Левенворт“ откако беше осудена дека објавила повеќе од 700.000 доверливи информации, видеоснимки, дипломатски преписи, што е најголема објава на такви податоци во историјата на […]

Грчки бизнисмен уапсен за шпионажа во Албанија

мај 9, 2017

Грчки бизнисмен на 52-годишна возраст бил уапсен во Албанија под сомневање за шпионажа, јави грчкиот весник „Имерисија“. Уапсениот имал градежен бизнис во Албанија, а кога бил уапсен на аеродромот во Тирана, во неговата чанта биле најдени „разузнавачки материјали“.

Страна 1 од 2