ЗНМ бара укинување на притворот на Зоран Божиновски

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува судот итно да го укине притворот на новинарот Зоран Бижиновски и да му дозволи да се брани од слобода во постапката што се води против него за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена.

Од ЗНМ денеска соопштија дека негови и претставници на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај оваа година, го посетиле Божиновски во притворското одделение во затворот „Скопје“.

„Несфатливо е новинар да се држи две и пол години во притвор од кои 18 месеци во екстрадициски притвор во Србија и 13 месеци притвор во Македонија. Очекуваме итно укинување на притворот, а на новинарот Божиновски безусловно да му се дозволи да се брани од слобода“, стои во соопштението од ЗНМ.

Оттаму велат дека од досегашното следење на судењето, иако биле закажани десетина судски расправи, повеќето биле одложени поради, како што нагласуваат од ЗНМ, вина на судот, односно поради прераспределување на судија, необезбедно присуство на сведоци и неспроведување на новинарот до судот.

„Сè уште не се изведени докази за тоа дека новинарот Божиновски е припадник на злосторничка група и дека имал умисла да создаде таква група, ниту дека стапил во контакт со странска разузнавачка служба на која ѝ предал државни тајни“, додаваат од ЗНМ.

Зоран Божиновски, кој беше осомничен во случајот „Шпион“, на 21 април минатата година беше уапсен во Нови Сад и неколку часа подоцна беше екстрадиран во земјава. Божиновски беше уапсен и во ноември 2013 година во Нови Сад, по потерница преку Интерпол, и помина повеќе од една година во екстрадициски притвор, по што беше пуштен да се брани од слобода со одлука на српскиот апелациски суд.

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од 160 километри...

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Според најновите достапни податоци, децата во Северна Македонија се изложени на значително повисок ризик од сиромаштија од возрасните, при што 32 отсто живеат под националниот праг на сиромаштија, а 40 отсто...

Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдија дека документите кои се...

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложбата на ликовниот уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ или како што тој вели поточно „Далдисај во мене“. Неговите две претходни...

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од...