понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: укинување | 73 резултати

Данска целосно ги укинува ковид-мерките бидејќи 83 проценти од населението е вакцинирано

10 септември 2021

Данска од денеска ги укинува сите мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи високи 83 проценти од населението е вакцинирано. Тоа исто така значи дека граѓаните не се обврзани да покажуваат документ за примени две дози на вакцина или дека прележале ковид-19 на масовни настани. Коронавирусот, повеќе се не се смета за „општествено […]

Шаќири: Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на 6-те земји од Западен Балкан

25 јуни 2021

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули, порача министерот за информатичко општество […]

Меѓународниот фармацевтски сојуз е против укинувањето на патентите за вакцините, предложено од Бајден

6 мај 2021

Меѓународниот сојуз на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА) реагираше на поддршката на американскиот претседател Џо Бајден за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против ковид-19, прогласувајќи ја за „погрешен одговор“ на комплексен проблем. „Отфрлањето на патентите за вакцината против ковид-19 нема да го зголеми производството или да донесе практични решенија за борба против […]

Уставниот суд го укина мораториумот за градење во Општина Центар

4 март 2021

Уставниот суд на вчерашната одржана седница ја укина одлуката за забрана за градење во Општина Центар. Со ваквата одлука, се враќаат на сила досегашните детални урбанистички планови (ДУП), по кои ќе може да се гради во оваа скопска општина. „Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, бр.08-1859/2 од 27.03.2019 […]

Пендаровски најавува можност за кратко одложување на пописот, Мицкоски вели дека е доцна за компромис

3 февруари 2021

Постои отворена опција за пролонгирање на рокот за спроведување на пописната акција од 1 до 21 април годинава, според донесениот Закон за попис, доколку претходно за тоа се постигне политички консензус. Ова прашање го наметна претседателот Стево Пендаровски во синоќешното гостување на ТВ24, при што посочи дека одговорноста во овој случај треба да биде кај […]

Најавено укинување на авиолинијата Скопје-Киев по два месеца од нејзиното воведување

2 февруари 2021

Украинската авиокомпанија Виндроуз по само два месеца летање се одлучи да ја укине авиолинијата меѓу Скопје и Киев. Претстојниот четврток и недела ќе се реализираат планираните летови меѓу двата града, по што ќе има два нови лета на 18 и 21 март пред целосното укинување на воздухопловната врска, јавува порталот „Ex-Yu Aviation“. Од Виндроуз засега […]

Од денес без ПЦР тест може да се патува во Црна Гора, од четврток во Србија

12 јануари 2021

Граѓаните на нашата земја како и другите странци од денеска може да влезат во Црна Гора без задолжително тестирање за корона вирус, додека од 14 јануари (четврток) без ПЦР тест ќе може повторно да се патува во Србија. Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ изјави дека епидемиолошката ситуација во Црна Гора е подобрена и дека […]

Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, веќе 10 дена нема новозаразени

13 април 2020

Изминатиов викенд заврши кризната состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, а владата на денешната седница одлучи истата да не се продолжи и да се укинат сите дополнителни мерки за овие две општини што беа на сила од 13 март, информираат од владината прес-служба. Од денеска во Дебар и Центар Жупа на сила […]

Железница предвидува два патнички воза помалку во возниот ред за 2020 година

5 ноември 2019

Наместо зголемување на бројот на патнички возови, догодина е можно да сообраќаат помалку патнички возови во земјава. Според постојниот Нацрт – возен ред за 2020 година, од 15 декември би сообраќале по два воза помалку од железничката станица Скопје. Експресниот воз „Хераклеа“ на релација Скопје – Битола – Скопје е отстранет од возниот ред за […]

Апелација одлучи Бојан Јовановски – Боки 13 да остане во притвор

4 октомври 2019

Бојан Јовановски – Боки 13 останува во притвор. Апелацискиот суд донесе одлука да не ја прифати неговата жалба за укинување на мерката притвор. Иако отпаднала можноста Боки 13 да влијае врз сведоците, судиите одлучија дека тој треба да остане во притвор поради опасност од бегство. Адвокатите на Бојан Јовановски најавија и жалба откако му беше […]

Апелација одлучува за барањето на Боки 13 да излезе од притвор

3 октомври 2019

Апелацискиот суд одлучува по барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на мерката притвор. Обвинетиот во предметот „Рекет“ денеска беше донесен во судот и побара пред медиумите да го образложи своето барање за да излезе од притвор. – По две неуспешни операции со лекарска грешка, неопходен ми е соодветен медицински третман, а тоа […]

Од утре се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките

30 септември 2019

Граѓаните од утре во аптеките ќе можат да подигнат лекови без да стравуваат дека се потрошени залихите. Со воспоставувањето на новиот систем за подигање лекови ќе нема квоти за лековите од позитивната листа, со што на граѓаните ќе им се овозможи во било која аптекада го добијат неопходниот лек. Воедно, кај матичните лекари и во […]

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

16 септември 2019

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека […]

Мал интерес за возот кон Белград и Солун, ќе сообраќа само до 16 септември

2 септември 2019

И годинава експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и Солун ќе сообраќа само до крајот на летото. Единствената железничка врска за македонските патници кон странство ќе престане да сообраќа на 16 септември. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ велат дека возот годинава сообраќа како сезонска линија токму поради економски причини. Бројот на патници […]

МЗШВ: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

11 април 2019

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29 март годинава, информираат од таму. Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов […]

Потпишан регионалeн Договор за роамингот, до јули 2021 треба да се укине

4 април 2019

Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан денеска на Дигиталниот Самит во Белград, Србија го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг. Договорот е последниот формален чекор за постепено намалување на цените на роамингот во Западен Балкан, најдоцна до 1 јули 2021 година, кога тој треба да се сведе до […]

ВМРО-НП бара укинување на приватните пензиски фондови

12 февруари 2018

ВМР -Народна партија бара итно укинување на приватните пензиски фондови, односно откажување од т.н. втор столб и враќање кон единствен државно гарантиран пензиски систем. Ставот на партијата на Љубчо Георгиевски е во рамките на дискусиите за реформа на пензискиот систем, што се отвора деновиве, а која, според партијата, оти во два правци – да се […]

ДУИ најави амандман за укинување на патните трошоци на сите функционери

23 јануари 2018

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми на комисиската расправа за финансирање и буџет најави дека пратеничката групa на ДУИ ќе поднесе амандман за укинување надоместокот за патни трошоци на сите функционери. Според него, новинарите немале други теми и им вршеле атак на пратениците и ги направиле „дежурни виновници“. – Ајде на овој начин да ги испровоцираме […]

Делави: Ќе има последици ако се укине специјалниот суд на Косово

17 јануари 2018

Амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави денеска изјави дека пратениците во косовското собрание кои ја поддржаа иницијативата за укинување на специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), како и политичарите кои ја ја предводеа, ќе се соочат со последици доколку иницијативата успее. Обраќањето на Делави во врска […]

Блокирана одлуката на Трамп за укинување на програмата за помош на младите имигранти

10 јануари 2018

Американскиот судија Вилијам Алсап синоќа привремено ја блокирал одлуката на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп за укинување на програмата која ги штити младите имигранти од депортација. Како што пренесуваат светските агенции, Алсап го одборил барањето на сојузната држава Калифорнија и на другите тужители да се спречи укинувањето на програмата која ги штити децата […]

Страна 1 од 4