fbpx

Мал интерес за возот кон Белград и Солун, ќе сообраќа само до 16 септември

Бројот на патници кои патуваат со воз кон Белград и Солун од година во година се намалува, а со тоа постанува непрофитабилно да се одржува експресниот воз во текот на целата година

-

И годинава експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и Солун ќе сообраќа само до крајот на летото. Единствената железничка врска за македонските патници кон странство ќе престане да сообраќа на 16 септември. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ велат дека возот годинава сообраќа како сезонска линија токму поради економски причини.

Бројот на патници кои патуваат со воз кон Белград и Солун од година во година се намалува, а со тоа постанува непрофитабилно да се одржува експресниот воз во текот на целата година.

– За втората половина од месец јуни 2018 година имало 642 патника, а истиот период од 2019 година – 385 патника – посочуваат од Железници на РСМ – Транспорт.

Намалувањето на интересот за возот како превозно средство е првенствено поради времетраењето на патувањето. Според актуелниот возен ред, на возот меѓу Скопје и Белград му се потребни 9 часа и 55 минути за да го мине целокупното растојание. Со изградбата на автопатот во Грделичката клисура, како и со воведувањето на заедничката гранична контрола на Табановце, на некои автобуски линии им е потребно двојно помалку време за да ја минат идентичната релација. Во делот на железницата, заедничката гранична контрола на границата меѓу Македонија и Србија ќе стартува дури во 2023 година.

Возот „Хелас експрес“ беше воведен на 15 јуни годинава, како поевтина можност за патување кон Солун и Белград за македонските граѓани. До 16 септември, возот ќе продолжи да сообраќа од Скопје кон Солун во 4:45 часот наутро, додека од Скопје за Белград ќе поаѓа во 22:19 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...