fbpx

Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, веќе 10 дена нема новозаразени

-

Изминатиов викенд заврши кризната состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, а владата на денешната седница одлучи истата да не се продолжи и да се укинат сите дополнителни мерки за овие две општини што беа на сила од 13 март, информираат од владината прес-служба.

Од денеска во Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата земја во однос на справување со епидемијата на корона вирусот. Ваквата одлука доаѓа по предлог на Главниот координативен кризен штаб, откако во последните 10 дена немало нови случаи на заразени на корона вирус во двете општини.

Од вкупно 49 потврдени случаи на Ковид-19, 16 лица се излечени, 4 се починати, а за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање. Во моментов, 29 пациенти се на домашно лекување.

Агрон Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи изрази благодарност на медицинските лица за справување со состојбата во двете општини, како и на општинските власти, АРМ, МВР, Црвен крст и Дирекцијата за заштита и спасување.

Со воведената кризна состојба во изминатиот месец, на влезовите и излезите пред Дебар и Центар Жупа беа поставени контролни пунктови, на кои припадници на полицијата не пропуштаа ниту едно лице што се наоѓа во овие две општини да излезе надвор, додека можеа да влезат единствено граѓани со адреса на живеење во овие две општини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...