fbpx

Втора жртва од корона вирусот во Прилеп, војниците воведуваат ред пред маркетите и банките

-

Денеска почина маж на 69-годишна возраст, втора жртва на корона вирусот во Прилеп, а тројца се новозаразени. Како силна поддршка на мерките на локално и централно ниво, од денеска е вклучена и армијата. Во центарот на градот од изутрината има војници. Пред маркетите и банките има ставено налепници, со порака „Стој овде“, на пропишаното растојание од 2 метра, со цел граѓаните безбедно да чекаат во ред.

На седницата на општинскиот кризен штаб, присуствуваа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, координаторот на главниот кризен штаб, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Нивното присуство е на барање на градоначалникот Илија Јованоски, откако бројот на заразени во Прилеп во последниве три дена се зголеми за 25, така што вкупниот број на заболени достигна 75 лица.  

– Одговорот од Армијата стигна експресно, така што од утринските часови петнаесетина припадници на Армијата беа распоредени онаму каде што најмногу се создаваа гужви – пред банките и маркетите. Тоа, заедно со поставените налепници на кои пишува ‘Стој овде’, даде резултат. Сакам да напоменам дека присуството на Армијата граѓаните не го чувствуваат како страв, туку како сигурност – рече градоначалникот Јованоски, апелирајќи пред почетокот на велигденските празници граѓаните да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб.

Вицепремиерката Шекеринска рече дека АРМ со своето присуство ја изразува поддршката, но сепак без заедничка одговорност не може да се добие битката со корона вирусот.

Задачата на Армијата не е да создаде страв, туку почитта која нејзините припадници ја уживаат кај граѓаните, да помогне при создавањето на ред. Сакам да ѝ честитам на Општина Прилеп, која е прва општина во државата што ги обележа местата пред маркетите и банките, со што им препорачува на граѓаните каде да стојат и да ја почитуваат дистанцата – потенцираше Шекеринска.

Вицепремиерот Османи, ја акцентираше улогата на локалните мерки, покрај централните во борба со пандемијата.

– Како координатор од Владата, сакам да потенцирам дека ги ставаме на располагање сите механизми кои им се потребни на општинските кризни штабови, со цел да ја локализираме оваа зараза и сите заедно да излеземе посилни од неа – изјави Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...