Шест активни пожари, еден под контрола, 27 изгаснати
6 септември 2024
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои шест биле активни, еден е под контрола, а изгаснати се 27. Активни се пожарите во општините Прилеп, Чашка, Петровец, Штип, Чучер-Сандево и Долнени. Ставен е под контрола пожарот во општина Крушево, каде горела градска депонија.