fbpx

ЦУК: Во исто време вчера во државата имаше и пожари и дожд

Практично, вчера на терен имаше во исто време оган и дожд - на една страна поројни дождови, поплавени подруми, наноси по патишта и одрони, а на друга страна беснееја неколку опасни пожари на отворено кои се ширеа со голема брзина, информираат од ЦУК

-

Посилни локални врнежи имаше прво во северниот дел од државата, што потоа се проширија во западниот дел на државата, а во исто време во југоисточниот дел на државата имаше пожари со засилен ветер заради што опасно брзо се ширеа, известува Центарот за управување со кризи.

„Практично, вчера на терен имаше во исто време оган и дожд – на една страна поројни дождови, поплавени подруми, наноси по патишта и одрони, а на друга страна беснееја неколку опасни пожари на отворено кои се ширеа со голема брзина, од вкупно 14-те, врз коишто пожарникарите интервенираа и ги изгаснаа“, информираат од ЦУК.

Поради обилните врнежи дожд што ја зафатиле Општината Дебар и околината имало поплавени неколку подруми во населбата „Венес 2“ и во другиот дел од градот каде што на терен биле излезени екипи од ЈП „Стандард“ и пожарникарите од ТППЕ Дебар. Не се регистрирани поголеми материјални штети.

Поради големите врнежи во атарот на с. Долно Косоврасти, реката којашто доаѓа од атарот на с. Горно Косоврасти излегла од своето корито и го поплавила патот и блиската околина до течението со вода и со наноси од земјена и камена мешавина – лава/кал.

„На местото на настанот било веднаш интервенирано со градежна машина – булдожер од „Кнауф Дебар“ и со приватни камиони, по што патот и коритото на реката се исчистени и патот бил повторно прооден“, велат од ЦУК.

Од друга страна, пожари имало кај село Жеганци во Општина Чешиново – Облешево, на влезот до селото кај локалниот канал. Огнот се движел брзо и претставувал опасност за куќите. Биле известени пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ од Кочани, коишто го локализирале, а потоа и го изгаснале пожарот.

На бројот 112 во ЦУК била добиена пријава за пожар на отворено кај месноста позната како „Трафостаница – Дуброво“ (Општина Неготино) што, според пријавителот, бил со големи размери. Пожарникарите од ТППЕ Неготино веднаш излегле на терен. Во атарот на с.Дуброво, горела сува трева и шума. Заради засилениот ветер пожарот се проширувал со голема брзина. Петнаесетина пожарникари интервенирале на терен.

Другите изгаснати пожари на отворен простор, при што гореле стрништа, висока трева и ниска вегетација и шума, биле во Битола, Прилеп, во близина на фабриката ,,Микросам“; Општина Василево, кај с. Василево; Општина Валандово, кај с. Марвинци; Општина Делчево, 2 пожара – еден помеѓу селата Ѕвегор и Габрово и еден кај село Крупиште; Општина Карбинци, во атарот на село Карбинци и во Општина Куманово, кај во с. Доброшане.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира итните случаи и опасностите за граѓаните да се пријавуваат на единствениот телефонскиот број за итни случаи 112. Се апелира и на избегнување на движење покрај коритата на реки и суводолици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...