fbpx

Македонската армија подготвена да испрати 100 припадници на помош во Словенија

Дали и колку точно припадници на АРМ ќе заминат за Словенија ќе се знае откако Владата ќе донесе одлука

-

Сто армиски припадници се подготвени да заминат за Словенија за да помогнат во справувањето со катастрофата која настана откако земјата беше погодена од обилни дождови и силни ветрови неколку дена по ред.

Оваа информација ја соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), откако до нив како контакт точка на Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи пристигнало барање за помош од Словенија.

Од ЦУК велат дека министерката за одбрана Славјанка Петровска, по консултации со Генералштабот на Армијата, известила дека македонската армија е подготвена да испрати 100 армиски припадници.

Дали и колку точно припадници на АРМ ќе заминат за Словенија ќе се знае откако Владата ќе донесе одлука, за која согласност ќе даде Претседателот на државата и Врховниот командант на Армијата, Стево Пендаровски, и по изјаснувањето на Словенија дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.

Барање за помош пристигнало и до Дирекцијата за заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ. Од земјава била побарана помош со тешка механизација – булдожери, багери и слично, додаваат од ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...