fbpx

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван

-

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван, а претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно.

Сепак, мерките имаат гласни противници во Конгресот, а нивните надежи за усвојување се зависат од кревката двопартиска коалиција за надминување на застрашувачките процедурални и законодавни пречки. Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон изјави дека е решен да го доведе прашањето на гласање.

Гласањето во Украина ќе биде внимателно следено во Киев, кој предупреди на итна потреба од нова поддршка од нејзините сојузници, бидејќи Русија постигнува постојани придобивки на бојното поле.

Претставничкиот дом треба да гласа денеска, а Сенатот може да го одобри пакетот овој викенд, а претседателот Џо Бајден вети дека ќе го потпише.

Џонсон, исто така, ќе го ставаина гласање и четвртиот дел од законот, кој вклучува барање кинеската компанија ByteDance да се откаже од апликацијата за социјални медиуми TikTok, да одобри продажба на замрзнати руски средства и да воведе нови санкции за Русија, Иран и Кина. Одлуките кои ќе бидат усвоени ќе се комбинираат во еден предлог-закон кој потоа ќе треба да биде одобрен како целина од Сенатот пред да стигне до масата на претседателот Бајден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...