петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Претставнички дом | 24 резултати

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

мај 4, 2024

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои се содржат старите дезинформациски наративи. Овој настан, нападот на Иран врз Израел, како и несомнено изборите во земјава, придонесоа за засилен број дезинформации пренесени низ медиумите […]

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

април 21, 2024

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си. Мерката вклучува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел, од кои 9 милијарди ќе се искористат за хуманитарна помош за Газа, и 8,1 милијарди за југоисточна Азија […]

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

април 20, 2024

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван, а претставничкиот дом ќе гласа […]

Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина

февруари 18, 2024

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега […]

Зеленски го откажа брифингот во американскиот Сенат поради финансиската помош

декември 6, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа брифингот со пратениците од американскиот Сенат поради ќорсокакот околу идната финансиска помош на САД за Украина, пишува Би-би-си. Виртуелните настапи во американскиот Сенат и Претставничкиот дом беа закажани за вторникот, но беа откажани во последен момент. Тоа дојде откако висок украински функционер предупреди дека се во опасност да ја […]

Спикерот на Претставничкиот дом на САД разрешен, за првпат во историјата

октомври 4, 2023

Сите демократски и осум републикански претставници изгласаа да се тргне од својата позиција спикерот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Ова е првпат во американската историја да биде разрешен спикер на Претставничкиот дом. Одлуката беше ставена на гласање од страна на Мет Гејц, конгресмен од поконзервативното крило на републиканската партија. Главната причина за недовербата […]

Републиканецот Кевин Мекарти избран за претседател на Претставничкиот дом

јануари 7, 2023

Кевин Мекарти, член на Републиканската партија во САД, денеска беше избран за претседател на Претставничкиот дом во Конгресот, по неколкудневни преговори и неуспешни гласања во најдолгата битка за оваа позиција во последните 164 години. За да ја оствари победата, Мекарти мораше да направи серија отстапки на барањата на  конзервативното крило во партијата, потег што остави […]

Комитетот за истрага за упадот во конгресот бара Доналд Трамп кривично да се гони

декември 20, 2022

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп можно е да биде кривично гонет поради упадот на симпатизерите на Трамп во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Комитетот за истрага за упадот во американскиот Конгрес донесоа едногласна одлука да предложат до правосудството да покрене обвинение против Трамп. Ова е првпат во историјата на САД, Конгресот да преземе ваква […]

Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом во САД

ноември 17, 2022

Републиканската партија ја врати контролата на Претставничкиот дом во САД со тесно мнозинство, со што добиваат можност да му ја заматат агендата на претседателот Џо Бајден од Демократската партија, односно да започнат низа истраги против него, објави Асошиејтед прес (АП). Но, тесното мнозинство ќе значи голем предизвик за републиканците и ќе го искомплицира нивното владеење […]

Избори во САД: Броењето на гласовите трае, трката на Демократите и Републиканците е тесна

ноември 9, 2022

Тесна трка на изборите за Конгресот на САД, која засега не ветува огромна победа на Републиканската партија. Гласовите од вчерашните избори се бројат низ американските сојузни држави, но актуелните резултати покажуваат изедначена трка на изборите за Сенатот (Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД), додека Републиканците засега имаат повеќе претставници во Претставничкиот дом (Долниот […]

Денеска избори во САД коишто ќе определат кој ќе ја има контролата во Конгресот

ноември 8, 2022

Милиони американски граѓани денеска гласаат на избори за нови членови на Конгресот, кои ќе определат кој ќе ја има контролата во парламентот на САД. На изборите се избираат членовите на двата дома на Конгресот, и тоа сите членови на Претставничкиот дом и една третина од членовите на Сенатот. Воедно, на денешните избори се гласа и […]

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

јануари 14, 2021

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 […]

Отповикувањето на Трамп изгласано во Претставничкиот дом, конечниот збор е на Сенатот

јануари 13, 2021

По неколку часа парламентарна дебата, Претставничкиот дом односно долниот дом на Конгресот на САД ја изгласа резолуцијата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп на помалку од една седмица пред крајот на неговиот мандат. Резолуцијата, односно одлуката, го товари првиот човек на САД за „поттикнување бунт“ за неговиот говор минатата седмица, кој доведе до насилни […]

Конгресот ќе го отповикува Трамп, но за неговото отстранување од власт конечниот збор е на Сенатот

јануари 13, 2021

Се очекува Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД денеска да го отповика од функцијата американскиот претседател Доналд Трамп, на само една седмица пред истекот на неговиот мандат. Причината се неговите изјави кои минатата седмица доведоа до насилствата и упадот во Конгресот, при што пет луѓе ги загубија животите. Инаку, вчера Претставничкиот дом исто […]

Медлин Олбрајт: Бугарските барања за Северна Македонија се целосна трагедија

декември 9, 2020

Мислам дека е целосна трагедија тоа што по долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, заради поени на домашната политичка сцена, истакнаа такви барања за Северна Македонија, порача поранешниот Државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, на седница на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом (Долниот дом на Конгресот на […]

„Путиновиот конгресмен“, Рорабакер, божемно го поддржува договорот за името и провоцира

јуни 27, 2018

Дејна Рорабакер, републиканскиот конгресмен од Калифорнија, што го нарекуваа „омилениот конгресмен на Путин“ и многу пати се огласуваше во полза на идејата за Голема Албанија, а исто така и предизвика сериозна вознемиреност со неговата изјава дека Македонија „не е држава“ и треба да се подели, го поздрави Договорот меѓу Македонија и Грција. Во обраќањето преку […]

Американската влада во финансиска блокада

јануари 20, 2018

Делумно затварање на американските федерални служби стапи на сила по неуспешниот обид републиканците и демократите во Сенатот да постигнат компромис за буџетот. Претставничкиот дом изгласа закон со кој се продолжува финансирањето на буџетот до 16 февруари, но Сенатот не го потврди и покрај интензивните преговори на републиканците и демократите и интервенцијата на американскиот претседател Доналд […]

Трамп бара од демократите да спречат блокада на сојузната администрација

јануари 19, 2018

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика сенаторите од редот на демократите да гласаат за законот за привремено финансирање на владата за да не дојде до парализирање на сојузната администрација, јавуваат агенциите. Трамп притоа ги критикуваше демократите во Сенатот, велејќи дека „тие сакаат нелегална имиграција и слаби граници“. „Законот за привремено финансирање на владата е […]

Конгресот одобри 15 милијарди долари за штетите од ураганот Харви

септември 9, 2017

Претставничкиот дом на САД, а потоа и горниот дом – Сенатот, вчера усвоија закон за доделување 15 милијарди долари за помош на настраданите и за обновување на оштетените објекти од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“.

Изгласана замената за „Обамакер“ во Претставничкиот дом на САД

мај 5, 2017

Претставничкиот дом на САД изгласа укинување и замена на Законот за здравствена заштита, познат како „Обамакер“. Планот на републиканците беше усвоен со 217 гласови „за“ и 213 „против“, а интересно е што 20 републиканци гласале против. Мерката сега од Долниот дом на Конгресот на САД оди во Сенатот, но засега воопшто не може да се […]

Страна 1 од 1