fbpx

Изгласана замената за „Обамакер“ во Претставничкиот дом на САД

-

Претставничкиот дом на САД изгласа укинување и замена на Законот за здравствена заштита, познат како „Обамакер“. Планот на републиканците беше усвоен со 217 гласови „за“ и 213 „против“, а интересно е што 20 републиканци гласале против. Мерката сега од Долниот дом на Конгресот на САД оди во Сенатот, но засега воопшто не може да се прогнозира каков ќе биде исходот од гласањето таму.

Многумина сенатори сметаат дека тој треба да претрпи извесни промени. Демократите и американското Здружение на лекарите, кое има 250.000 членови, се против овој закон.

Чекорот се смета за прва поголема победа на законодавен план за претседателот Доналд Трамп. За време на прес-конференцијата во Белата куќа, на која присуствуваа многу републиканци, Трамп истакна дека е „мошне уверен“ дека планот ќе помине во Сенатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...