fbpx

Комитетот за истрага за упадот во конгресот бара Доналд Трамп кривично да се гони

-

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп можно е да биде кривично гонет поради упадот на симпатизерите на Трамп во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Комитетот за истрага за упадот во американскиот Конгрес донесоа едногласна одлука да предложат до правосудството да покрене обвинение против Трамп. Ова е првпат во историјата на САД, Конгресот да преземе ваква акција против американски претседател, пишува весникот Гардијан.

Комитетот го обвини Доналд Трамп за поттикнување бунт и заговор против владата поради неговиот обид да го поништи исходот од изборите во 2020 година и крвавиот напад на американскиот Капитол. Ваквата одлука доаѓа по 18 месеци истрага од страна на двопартиската комисија на Претставничкиот дом за заговорот на Трамп да го спречи Џо Бајден да ја преземе функцијата.

„Претседателот има афирмативна и примарна уставна должност да дејствува за да се грижи законите верно да се извршуваат. Ништо не може да биде поголемо предавство на оваа должност отколку да се помогне во бунтот против уставниот поредок“, изјави конгресменот Џејми Раскин.

Комитетот го обвини Трамп дека прекршил четири федерални кривични статути, па така Трамп може да биде обвинет за спречување на официјална процедура во Конгресот, попречување на правдата, заговор за измама на САД, заговор за давање лажна изјава и бунт.

Во своето воведно обраќање, претставникот на Демократската партија во Комитетот Бени Томпсон, рече дека Трамп ја злоупотребил довербата на гласачите со организирање кампања за да остане на функцијата, и покрај јасните докази дека изгубил на изборите.

Главниот архитект на таа шема бил Џон Истман, адвокат на претседателот за кој Комитетот рече дека поставил голем дел од основата за стратегијата за поништување на изборната победа на Бајден. Според нивните докази, Истман му помогнал на Трамп да изврши притисок врз потпретседателот Мајк Пенс да го наруши потврдувањето на изборните резултати, иако адвокатот знаел дека тоа би било нелегално. Пратеникот го повика Истман на обвинение.

Исто така, на одговорност пред етичкиот дом на комората се упатени и четворица претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом. Групата го вклучува Кевин Мекарти, лидерот на Републиканската партија, кој се очекува да се кандидира за претседател на Претставничкиот дом кога партијата ќе ја преземе контролата над домот следната година, како и Џим Џордан, верен сојузник на поранешниот претседател.

Исто така, беа споменати конгресмените Енди Бигс, за кој се вели дека имал стратегии со претседателот за неговиот заговор да остане на функцијата и Скот Пери, кому ФБИ му го заплени телефонот претходно оваа година.

Упатувањата на Комитетот во голема мера се препораки, но ќе пристигнат до американските истражни органи во периодот кога тие веќе се зафатени со истрага на поранешниот претседател Доналд Трамп за злосторства што можеби ги извршил за време и по неговото извршување на функцијата.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд минатиот месец го назначи обвинителот-ветеран Џек Смит да утврди дали има основа да го обвини Трамп за бунтот и неговите напори да ја наруши мирната транзиција на власта. Смит, исто така, води истрага за тоа дали Трамп незаконски ги задржал владините тајни по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.

Во среда, Комитетот за истрага се очекува да објави долг извештај за нападот на 6 јануари 2021 година, во кој загинаа пет лица и предизвика речиси 1.000 кривични случаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...