fbpx

Спикерот на Претставничкиот дом на САД разрешен, за првпат во историјата

Мекарти изјави дека нема повторно да се кандидира за спикер, додека оваа улога привремено ја презема конгресменот Патрик Мекхенри

-

Сите демократски и осум републикански претставници изгласаа да се тргне од својата позиција спикерот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Ова е првпат во американската историја да биде разрешен спикер на Претставничкиот дом.

Одлуката беше ставена на гласање од страна на Мет Гејц, конгресмен од поконзервативното крило на републиканската партија. Главната причина за недовербата кон Мекарти лежеше во неговиот договор за привремен буџет. Тој договор всушност спречи американската влада да влезе во блокада, како што беше најавено.

Мекарти тврди дека потегот бил мотивиран поради лични причини на Гејц. Според него, Гејц се одмаздувал поради тоа што Мекарти не му помогнал при истрагата од Комитетот за етика на Претставничкиот дом на САД поради обвинувањата за сексуално вознемирување и неправилно користење на буџет за кампања.

Мекарти, како и поранешниот републикански спикер Њут Гингрич, коментираа дека Гејц не е „вистински“ Републиканец и само предизвикува хаос во партијата за внимание и свои политички цели, пишува „Гардијан“.

Мекарти уште од самиот почеток на својот мандат како спикер имал ниско ниво на поддршка и тоа токму од поконзервативното крило на Републиканската партија. За спикер бил изгласан дури на петнаесеттото гласање, по многу концесии со поконзервативните Републиканци. Впрочем, една од концесиите беше тоа да може само еден претставник да покрене гласање за отстранување на спикерот на Претставничкиот дом – пракса која Гејц ја искористи за првпат, токму за да го тргне самиот Мекарти. Дополнително, тој им даде високи позиции на истите Републиканци.

Мекарти изјави дека нема повторно да се кандидира за спикер.

Улогата на спикер привремено ја презема конгресменот Патрик Мекхенри, а се очекува да почне новата процедура за гласање на нов спикер следната недела, известува Си-ен-ен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...