fbpx

Јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност: Ако корупцијата е болест, транспарентноста е лекот

Стратегијата за транспарентност 2023-2026 и придружниот Акциски план, кои денеска беа предмет на втора јавна расправа, со учество на претставници на државните институции, граѓанските организации и медиумите, предвидуваат стратешки пристап со кој треба значително да се зајакне свесноста, но и проактивното дејствување

-

Во Велес се одржа втората јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026 организирана од владиниот Кабинет за политики за добро владеење, во соработка со Фондацијата Метаморфозис.

На јавната расправа се обрати заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска со цитат на поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан: „Ако корупцијата е болест, транспарентноста е централен дел во нејзиното лекување“.

Таа со ова ја илустрираше огромната важност на транспарентноста, како принцип на доброто владеење, во справувањето со разорните коруптивни појави во општеството.

„Јакнењето на транспарентноста на сите нивоа во системот е еден од најважните предуслови за превенција на корупцијата и за подобрување на севкупната кондиција на институциите, кои со вградување и доследна примена на ова начело, стануваат поодговорни, поотчетни и поефикасни во извршувањето на својата функција како сервис на граѓаните”, нагласи Грковска.

Таа се осврна на фактот дека во последниве години транспарентноста на институциите е значително подобрена, а тоа се должи на определбата за воспоставување механизми, носење соодветна легислатива и развивање и спроведување политики. Тоа, според Грковска, резултираше со зајакнување на фискалната дисциплина преку отворање на трезорот, со што на јавноста ѝ се овозможи да има увид во трошоците, но и со отворање на институциите кон јавноста и овозможување полесен пристап до информации.

Данче Даниловска-Бајдевска, програмски директор во Фондација Метаморфозис, рече дека фондацијата речиси две децении работи на зајакнување на свеста и капацитетите на граѓаните и граѓанското општество со цел истите да ја преземат во целост улогата на активисти за демократија, поддржувајќи ги властите во исполнување на нивната демократска улога на работење во корист на општеството.

„Метаморфозис седум години по ред спроведува истражување преку Индексот на отвореност и сугерира дека во голем број случаи присуството на релевантни политики за отвореност не придонесе за значително зголемување на отвореноста и транспарентноста на сите институции од извршната власт. Констатиран е недостигот од стратешки пристап кон отвореноста во државата“, рече Даниловска-Бајдевска.

Оттаму, на овој начин, Метаморфозис обезбедува инклузивен процес од сите засегнати страни за да се утврди стратешкиот правец за транспарентно работење на институциите. Преку документот, заложбата е да се воспостави култура на транспарентно работење на институциите, за да се оневозможи влијание од носителите на функции на транспарентноста на институциите.

Инаку, С. Македонија е една од ретките држави кои подготвуваат стратешки документи како што е Стратегијата за транспарентност и понатамошните чекори се во насока да се одржи отвореноста, без да се ретерира од досега постигнатото, а институциите кои назадуваат треба да го достигнат нивото на оние кои имаат најголем напредок во поглед на транспарентноста.

Според Ирена Бојаџиевска, експертка која работеше на оваа стратегија, практиките на добро владеење и отворена власт треба да станат стандард во секојдневното работење.

Стратегијата за транспарентност 2023-2026 и придружниот Акциски план, кои денеска беа предмет на втора јавна расправа, со учество на претставници на државните институции, граѓанските организации и медиумите, предвидуваат стратешки пристап со кој треба значително да се зајакне свесноста, но и проактивното дејствување на ова поле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...