fbpx

Фондација Метаморфозис: Издигнувањето на фактите е заедничка задача на јавноста од сите сегменти на општеството

Иако во изминатите 12 месеци бројот на дезинформации за и околу војната во Украина се намали, тие сè уште претставуваат значајна дезинформациска тема во земјата, која често е експлоатирана од странски дезинформациски центри. Меѓу најчестите дезинформации во земјава се и антивакциналните, чие ширење во онлајн просторот е константно

-

Издигнувањето на важноста на фактите не е должност само на професионалците, туку претставува заедничка задача која вклучува учество на јавноста од сите сегменти на општеството. Со засилувањето на проверката на факти и промовирањето на кредибилни извори во новинарското известување, ние можеме да поттикнеме здрав информативен екосистем во кој фактите би доминирале.

Ваква порака упати Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис по повод 2 Април, Меѓународниот ден на проверката на факти – меѓународна иницијатива која смета дека точните информации имаат суштинска улога во глобално поврзаниот свет.

„#ФактитеСеВажни (#FactsMatter) во градењето на информирано и општество отпорно на дезинформации и кога е #ДенНаПроверкаНаФакти (#FactcheckingDay), но и секој друг ден“, велат од Метаморфозис.

Полноправна и сертифицирана членка на Меѓународната мрежа за проверка на факти во Северна Македонија од 2019 година е токму Фондацијата Метаморфозис и порталот за проверка на факти Вистиномер.

Од 2023 година Метаморфозис и Вистиномер се и сертифицирани членки на новооснованата Европската мрежа за стандарди при проверката на факти со седиште во Брисел, Белгија, а во проверката на факти активно се вклучени и другите изданија на Метаморфозис – Новинската агенција Мета и информативниот портал на албански јазик, Порталб.

„Во изминатата година изданијата на Метаморфозис изработија речиси 1.000 проверки на факти и разоткривања на спинови (манипулации) искажани лица кои учествуваат во креирањето на јавните политики, политичките партии, како и проверки на исполнетоста на предизборните ветувања на политичките партии. Особено важна и сеопфатна беше работата на Вистиномер при проверките на факти на содржини споделени на социјалните мрежи и тоа особено зашто најголем дел од дезинформациите токму се споделуваат и шират на овие онлајн платформи“, велат од Фондацијата Метаморфозис.

Иако во изминатите 12 месеци бројот на дезинформации за и околу војната во Украина се намали, тие сè уште претставуваат значајна дезинформациска тема во земјата, која често е експлоатирана од странски дезинформациски центри. Неретко, велат од Фондацијата, дезинформациите се комбинирани и со други видови закани, со капацитет на нанесување штети во реалниот свет и врз севкупното македонско општество.

Меѓу најчестите дезинформации во земјава се и антивакциналните, чие ширење во онлајн просторот е константно.

Во изминативе 12 месеци од Метаморфозис велат дека биле забележани дезинформации кои се користат за напади врз Европската унија, земји членки на ЕУ, другите демократски земји надвор од Европа, како и меѓународните институции и организации кои се темел на меѓународниот правен, политички и финансиски поредок.

„Она што нé очекува во следните неколку месеци се претседателските и парламентарните избори во С. Македонија, што, пак, ќе донесе зголемен број на дезинформации и манипулации (како и на секои избори). Но, изданијата на Фондацијата Метаморфозис се подготвени да работат на сите важни проверки на факти во текот на изборите со цел граѓаните да имаат точни и навремени информации за тоа што е, а што не е точно во излагањата на кандидатите за јавни функции и соопштенијата на политичките партии“, се вели во соопштението на Фондација Метаморфозис.

Првиот Меѓународен ден на проверката на факти беше одбележан од Меѓународната мрежа за проверка на факти во 2016 година со цел да се прослави и истакне работата на проверувачите на факти ширум светот и оттогаш се одбележува секоја година. Меѓународната мрежа за проверка на факти започна со само десетина членки за денес во неа да членуваат над 180 организации ширум светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...