петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: помош | 337 резултати

Израел ја запре флотилата со помош за Газа, приведени Грета Тунберг и други активисти

2 октомври 2025

Шведската активистка Грета Тунберг и други патници на флотилата која носи помош кон Газа беа приведени од израелската војска. Повеќе од десетина бродови од Глобалната флотила Сумуд (GSF) претходно беа пресретнати од израелска војска, предизвикувајќи глобално незадоволство. Флотилата се обидува да ја пробие 18-годишната блокада на Газа од страна на Израел и да достави помош […]

Флотилата со помош за Газа предводена од Грета Тунберг пријавила експлозии во близина

24 септември 2025

Организаторите на флотaла што носи помош за Газа пријавија експлозии во близина на нивните бродови и виделе повеќе беспилотни летала околу флотата, која е составена од повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи ја и истакнатата активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг, пренесува Ен-Би-Си. Глобалната флотила Сумуд (GSF), која пловеше во близина на Грција рано […]

Земјотресот во Авганистан однесе над 800 животи, талибанската управа бара светот да помогне

2 септември 2025

Во еден од најлошите земјотреси во Авганистан загинаа повеќе од 800 луѓе, а најмалку 2.800 беа повредени, соопштија властите во понеделник, додека спасувачите се мачеа да стигнат до оддалечените области поради грубиот планински терен и лошите временски услови. Катастрофата дополнително ќе ги оптовари ресурсите на талибанската администрација во оваа земја, која веќе се бори со […]

Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење на шумските пожари

12 август 2025

Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење на шумските пожари. Земјата се соочува со пожари на повеќе локации, вклучително и во близина на Подгорица, заради што одлучи да ги активира меѓународните механизми за помош. Владата на Црна Гора се обрати до НАТО, односно до Евроатлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи, а помош се […]

100 деца чекаат евакуација во Обединетото Кралство за итен медицински третман

5 август 2025

Повеќе од 100 критично болни и повредени деца во Газа се надеваат дека што е можно поскоро ќе бидат пренесени во Обединетото Кралство, откако владата најави програма за обезбедување здравствена нега за оние со најголема потреба, објави „Гардијан“.  Владата во неделата објави дека ќе евакуира деца од Газа во Велика Британија за лекување преку програма […]

Десетици илјади ранливи семејства оставени без субвенции за струја, реагираат експерти

1 август 2025

Новата програма за енергетска поддршка на Министерството за енергетика, не опфаќа доволен број на семејства на кои им е потребна помош за надминување на енергетската сиромаштија, реагираат од здружението Инженери на Македонија. Од таму посочуваат дека над 38.000 домаќинства живеат на работ на сиромаштија, но и покрај тоа новата програма опфаќа 3.932 семејства што е […]

Израел започна дневна пауза на борбата во три области во Газа за да овозможи „минимална“ помош додека расте гладот

28 јули 2025

Израелската војска започна ограничени паузи во борбите во три населени области во Газа во траење од 10 часа на ден, дел од мерките што вклучуваат дотур на оружје, бидејќи расте загриженоста поради зголемениот глад, и бидејќи Израел се соочува со критики за своето однесување во 21-месечната војна, пренесува Асошиејтед Прес. Војската соопшти дека „тактичката пауза“ […]

45 Палестинци убиени додека чекале камиони со помош

17 јуни 2025

Во израелски оган убиени се најмалку 45 Палестинци во градот Кан Јунис, додека чекале камиони со помош во јужниот дел на Појасот Газа, пренесе „Гардијан“. Како што информира Министерството за здравство, повредени се десетици други лица. Настанот се случил откако пет палестински цивили беа убиени и многу други повредени,во напад на израелските сили врз луѓето […]

МНР нуди помош на сите македонски граѓани во Израел и Иран

15 јуни 2025

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните (СОС) телефонски броеви. За помош и асистенција можат да се обратат на Амбасадата во Тел Авив на броевите +972 54 […]

Повеќе од 30 Палестинци убиени при обидот да стигнат до пункт за храна

2 јуни 2025

Палестинци биле убиени од израелски оган додека се обидувале да стасаат до пункт за храна во Газа, пренесува „Гардијан“. Очевидци велат дека израелските сили отвориле оган врз луѓето во близина на дистрибутивната станица управувана од фондацијата поддржана од Израел. Според очевидци, израелските сили отвориле оган додека Палестинците се упатиле кон локацијата за дистрибуција на помош […]

ОН предупредува дека 14.000 бебиња може да умрат во Газа во следните два дена oти немаат храна

20 мај 2025

ОН предупредува дека во следните 48 часови 14.000 бебиња во Газа може да умрат бидејќи немаат храна, објави „Гардијан“. Том Флечер, шефот за хуманитарни прашања, зборуваше во програма на Радио 4 на „Би-Би-Си“, за недоволната количина на помош што Израел ја дава во Газа. Меѓународниот притисок поради претстојниот глад го принуди Бенјамин Нетанјаху во неделата […]

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

24 март 2025

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на ЕУ. Како што додаваат, во тек е предфинансирањето во износ од 52,2 милиони евра и е наменето за поддршка на спроведувањето на Реформската агенда […]

Израел ја прекина помошта за Газа за да изврши притисок врз Хамас да прифати нов предлог за прекин на огнот

2 март 2025

Израел во неделата го запре влезот на сите стоки во Појасот Газа и предупреди на „дополнителни последици“ aко Хамас не прифати нов предлог за продолжување на кревкиот прекин на огнот, пренесе АП. Хамас го обвини Израел дека се обидува да го попречи постојниот договор за прекин на огнот и рече дека неговата одлука да ја […]

Зеленски: Нападите од Русија се доказ дека ни треба поголема поддршка

1 февруари 2025

„Секој терористички напад од Русија ја покажува итната потреба од поголема поддршка од украинските партнери и зголемен притисок врз државата агресор“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Фејсбук. Според Укринформ, Зеленски на социјалните мрежи споделил и видео од најновите руски напади. „Синоќа Русија започна напад врз нашите градови користејќи различни видови оружја, проектили, беспилотни летала и […]

Можност за донации – 650 дечиња имаат потреба од училишен прибор

20 август 2024

Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства „Љубезност“ отвори сметки за донации за 650 деца на кои им треба помош и кои имаат потреба училишен прибор. „Оваа година 650 дечиња имаат потреба од училишен прибор и ранци за да можат непречено да следат настава. Има три опции на донирање: лично да […]

Солидарност во акција: 110 странци моментално се на помош во земјава за справување со пожарите

3 август 2024

Солидарноста во акција, напиша денеска на социјалната мрежа X евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, потенцирајќи дека авиони, хеликоптери и теренци од Чешка, Германија, Словенија, Србија и Шведска им се придружуваат на партнерите во Северна Македонија, за да се борат против пожарите. Сето ова се прави преку т.н. ЕУ-механизам за цивилна заштита, односно сета помош што […]

Два ер трактори и еден хеликоптер од Турција гасат големи пожари на Серта и кај Ново село

15 јули 2024

Пожарот на планината Серта е активен на три локации, а тежок пожар има и во Ново село, во близина на границата со Бугарија на планината Огражден. За справуввање со пожарите стаса помош од Турција, хеликоптер и ер трактори, кои веќе гасат во Ново село, додека еден полициски хеликотер гаси на Серта, информира денеска директорот на […]

Палестинците во жалост и урнатини го одбележуваат Курбан Бајрам

16 јуни 2024

Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег го одбележуваат Курбан Бајрам додека израелската војска продолжува со напади повеќе од осум месеци по почетокот на војната. Во опколената енклава, каде што досега се убиени повеќе од 37.000 Палестинци, луѓето денеска се собраа во урнатините на нивните населби за да се молат. Во меѓувреме, како што […]

САД објавија нов пакет воена помош за Украина од 275 милиони долари

25 мај 2024

Американското Министерство за одбрана објави значителен пакет безбедносна помош од 275 милиони долари за Украина да ги задоволи безбедносните и одбранбените потреби на украинските вооружени сили, објави Пентагон во соопштение за печатот, пренесува Укринформ. „Ова е петти пакет за безбедносна помош што претседателот го овласти од потпишувањето на додатокот за национална безбедност минатиот месец и […]

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

20 април 2024

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван, а претставничкиот дом ќе гласа […]

Страна 1 од 17