fbpx

Бројот на жртви во Мароко надмина 2.000, САД подготвени да ѝ обезбедат помош на мароканската Влада

„Подготвени сме да ослободиме средства во вистинско време за да им помогнеме на Мароканците да закрепнат и да се справат со оваа ужасна трагедија што ги снајде“, рече заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џон Финер

-

Соединетите американски држави јасно ѝ ставиле до знаење на мароканската влада дека се подготвени да обезбедат „значајна помош“ по разорниот земјотрес во близина на Маракеш, пренсе Си-Ен-Ен. Инаку бројот на жртви во земјотресот надмина 2.000 лица, а властите прогласија тридневна жалост.

„Имаме тимови за пребарување и спасување подготвени да ги распоредиме, кои можат да помогнат не само со таа активност, туку и со медицинска и други форми на помош“, изјави за новинарите заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џон Финер.

„Ние сме исто така подготвени да ослободиме средства во вистинско време за да им помогнеме на Мароканците да закрепнат и да се справат со оваа ужасна трагедија што ги снајде“, додаде тој.

Оваа најава доаѓа по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека неговата администрација е во контакт со официјални претставници во Мароко.

„Работиме експедитивно за да се осигураме дека американските граѓани во Мароко се безбедни и сме подготвени да обезбедиме секаква неопходна помош за мароканскиот народ“, напиша Бајден.

Потресни сведоштва за светските медиуми даваат преживеани од земјотресот во Мароко во кој загинаа над 800 луѓе, а повредени се повеќе од 600.

Станува збор за најсилниот земјотрес во последниве 120 години што ја погодил оваа област.

50-годишната Фатима за Си-Ен-Ен изјавува дека нејзиниот дом во градот Асни во подножјето на планините Висок Атлас бил целосно уништен во земјотресот.

„Едвај имав време да ги грабнам децата и да истрчам надвор пред да ми се урне куќата пред очи. Се урна и куќата на соседот, а под урнатините беа најдени двајца мртви“, вели таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...