fbpx
Таг: земјотрес

таг: земјотрес

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 4 часот ги разбуди граѓаните на Црна Гора, а беше почувствуван во повеќе држави во регионот. Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија извести дека бил регистриран силен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Чараѓе во Општина Никшиќ, јави црногорскиот весник „Побједа“. Засега нема податоци за евентуална штета, а...

Земјотрес со јачина од 3,1 степен во Албанија, почувствуван и во Дебар и околината

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчеравечер соопшти дека нејзината телеметриска сеизмолошка мрежа регистрирала земјотрес во Албанија. Земјотресот со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала се случил во 23 часот и 37 минути, а епицентарот бил 128 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија. Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од Македонија...

Земјотрес во Струга со интензитет од три степени

Почувствуван е земјотрес во југозападниот дел од Републиката, во Струга и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје,...

Земјотрес во Албанија близу Елбасан, почувствуван во Охрид и во Кичево

Денес во 6 часот наутро е регистриран земјотрес во Албанија, чиј епицентар се наоѓа 130 км југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени, известува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, од опсерваторијата велат оти земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од државата, вклучувајќи и во Охрид и Кичево, со интензитет од III степени...

Објавен распоредот на изведувачи на вечерашниот музички фестивал „Земјотрес“

Дванаесеттото издание на фестивалот за домашна независна музика „Земјорес“ ќе започне во 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Ќе изведуваат над 20 македонски артисти, вклучувајќи бендови и диџеи, кои ќе настапуваат на три различни сцени - во салата „25 мај“, во бифето пред киносалата „Фросина“ и на „клуб“ сцената во МКЦ. „Денес! Земјотрес #12! Вратите на МКЦ се...

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје

Земјотрес со локална магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа се случил во Албанија. Земјотресот го регистрирала и телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија на сеизмолошките станици инсталирани ширум земјава и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран синоќа 17 минути после полноќ, а епицентарот се наоѓал...

Судир на два авиона во Јапонија, петмина загинати

Комерцијален авион од „Џапан Ерлајнс“ се запалил на аеродромот Ханеда во Токио, известува „Скај њуз“. Сите 367 патници и 12 членови на екипажот биле успешно евакуирани. Aвионот се запалил при судир со авион од крајбрежната стража во кој имало шест патници. Пилотот успешно се евакуирал од авионот, но останатите пет патници загинале. Според „Скај њуз“, авионот од крајбрежната стража се...

Катастрофален земјотрес ја погоди Јапонија, најмалку 48 загинати

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија Јапонија. Досега се пронајдени најмалку 48 загинати, а се очекува да се пронајдат многу повеќе од страна на 1.000 ангажирани спасители, известува Би-би-си. Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на полуостровот Ишикава. Илјадници куќи и згради се уништени. Забележани се бројни афтершокови, а...

Земјотрес од 4,8 степени ја погоди БиХ, повредени се четворица

Четири повредени лица, од кои две се на болничко лекување, неколку оштетени куќи во зеничките населби Љубетово, Хеце и Врандук, како и оштетувања на фасади во самиот град, е билансот од синоќешниот земјотрес со епицентар кај Зеница, кој се случи во 21.43 часот ја погоди Босна и Херцеговина. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени со епицентар во Зеница. „Според информациите...

Земјотрес со епицентар во Косово ноќеска почувствуван во Скопје

Жителите на Скопје изминатава ноќ почувствуваа земјотрес, чиј епицентар бил во Република Косово. Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска на 25.12.2023 година во 03 часот и 26 минути, регистрирале земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје,...

Земјотрес утрово почувствуван во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:54 часот е регистриран во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на тромеѓето Македонија-Србија-Косово, на длабочина од 5 километри, се наведува во податоците објавени на веб-страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Локацијата на земјотресот е на 4 километри североисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека...

Земјотрес во Србија: „Сè околу нас почна да се тресе“

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 9 часот и 47 минути го погоди Петровац на Млава, соопшти српскиот Републички сеизмолошки завод, објави ТВ Н1. Интензитетот во епицентарот е проценет на од V до VI од Меркалиевата скала. „Земјотресите со таков интензитет можат да предизвикаат многу мали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје“, наведуваат од Институтот. По овој...

Исланд прогласи вонредна состојба поради страв од вулканска ерупција

Во Исланд е прогласена вонредна состојба поради зголемениот ризик од вулкански ерупции на полуостровот Рејкјансес, известува Би-би-си. Забележани се повеќе од 20.000 земјотреси во земјата изминатите недели - се смета дека истите се предизвикани од подземна „река“ на магма, што може да резултира со ерупција. Како превентивна мерка, евакуирани се жителите на градот Гриндавик, околу кој се смета дека постои...

Болниците се преполни по земјотресот во Непал, загинаа над 150 луѓе

Повеќе од 150 луѓе загинаа во земјотрес што вчера го погоди западниот дел од Непал. Безбедносните сили се распоредени за да помогнат во спасувачките напори во областите Јајаркот и Западен Рукум, 500 километри западно од Катманду, пренесува Би-би-си. Силни потреси биле почувствувани многу подалеку, во главниот град на Непал и во градови во соседна Индија, вклучувајќи го и Делхи. Портпаролот на армијата,...

Симулациска вежба по прва помош во случај на земјотрес се одржа во Градски парк

Во Градскиот Парк во Скопје денеска се одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“, чија цел беше да ги претстави капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст. На настанот присуствуваа министри во Владата, директори на институции и градоначалници. Симулациската вежба по прва помош во итна ситуација – земјотрес, се организира по повод одбележувањето на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и...

Земјотрес од 3,2 степени почувствуван во Тетово

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во Тетово, во 10:24 часот по локално време. Според Европскиот центар за сеизмологија, епицентарот бил на 13 километри југоисточно од Тетово, а 39 километри југозападно од Скопје.    

Катастрофален земјотрес во Авганистан, има повеќе од 2.000 загинати

Талибанската влада извести дека како последица на силниот земјотрес кој во саботата го погоди Авганистан има над 2.000 загинати и над 9.000 повредени лица, а уништени се повеќе од 1.300 домови, известуваат од Ројтерс. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала бил 35 километри северозападно од Херат, третиот најголем град во Авганистан. Следеле афтершокови, чија непредвидливост...

Црвениот крст со апел да им помогнеме на настраданите од земјотресот во Мароко

Црвениот крст изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети за катастрофалниот земјотрес во Мароко и се вклучува во објавениот апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина веќе објави апел за помош во висина од 100 милиони швајцарски франци за поддршка на Мароканската црвена полумесечина во...

МНР: Двајцата нашинци кои беа во Мароко за време на земјотресот се евакуирани во Мадрид

Министерството за надворешни работи (МНР), во врска со катастрофалниот земјотрес во Мароко, информира дека согласно ангажманот на амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. „Се очекува да си заминат во своите домови“, информира МНР. Во изминативе два дена нема нови пријавени...

Бројот на жртви во Мароко надмина 2.000, САД подготвени да ѝ обезбедат помош на мароканската Влада

Соединетите американски држави јасно ѝ ставиле до знаење на мароканската влада дека се подготвени да обезбедат „значајна помош“ по разорниот земјотрес во близина на Маракеш, пренсе Си-Ен-Ен. Инаку бројот на жртви во земјотресот надмина 2.000 лица, а властите прогласија тридневна жалост. „Имаме тимови за пребарување и спасување подготвени да ги распоредиме, кои можат да помогнат не само со таа активност,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...