Црвениот крст со апел да им помогнеме на настраданите од земјотресот во Мароко

Освен со уплата на сметката на Црвен крст, граѓаните можат да донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1

-

Црвениот крст изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети за катастрофалниот земјотрес во Мароко и се вклучува во објавениот апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина веќе објави апел за помош во висина од 100 милиони швајцарски франци за поддршка на Мароканската црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе.

„Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8 септември, предизвика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош“, соопштуваат од Црвениот крст.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настраданото население во Мароко.

Можат да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Говор на омраза и поделби на етничка основа во антиалбанска кампања на социјалните мрежи

На социјалните мрежи Инстаграм и Твитер во Македонија во тек е кампања на етничка основа која повикува на бојкот на маркетите „Кипер“ и „Кит го“ само поради тоа што...