fbpx

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Речиси половина од бројот на случаи на сипаници годинава се во европскиот регион на СЗО кој вклучува и азиски земји, со најголема инциденца во Азербејџан, Киргистан и Јемен

-

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји, пренесе Си-ен-ен.

Според д-р Патрик О’Конор од Светската здравствена организација (СЗО), кој вчера го презентираше истражувањето на Глобалниот конгрес ЕСЦМИД во Барселона, на глобално ниво во 2022 година имало 171.153 случаи на морбили. Првичните податоци покажуваат 321.582 случаи за 2023 и повеќе од 94.000 досега во 2024 година, иако бројот е веројатно многу поголем.

Речиси половина од бројот на случаи на сипаници годинава се во европскиот регион на СЗО кој вклучува и азиски земји, со најголема инциденца во Азербејџан, Киргистан и Јемен.

Во САД биле регистрирани 1128 случаи на морбили годинава, што е најголем број од 2019 година, објави американскиот Центар за превенција и контрола на болести.

Сипаниците беа прогласени за елиминирани во САД во 2000 година, а брзиот пораст на случаи годинава претставува закана за овој статус на болеста, велат од Центарот.

О’Конор вчера рече дека вакцинацијата против малите сипаници спречила околу 57 милиони смртни случаи помеѓу 2000 и 2022 година.

Вакцината се смета за високо ефективна – една доза е 93 отсто ефикасна против сипаници, а две дози – 97 отсто.

Морбилите се „криза меѓу многуте кризи“, изјави вчера О’Конор при презентацијата на истражувањето. Околу 45 отсто од зголемениот број случаи на сипаници бил регистриран во земјите погодени од конфликти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Претседателката во јавните настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на самоопределување, а таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Ова е ставот на...