Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет

-

Претседателката во јавните настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на самоопределување, а таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Ова е ставот на претседателскиот кабинет, по многуте жестоки реакции во јавноста, откако, давајќи ја свечената заклетва во Собранието, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, не го употреби уставното име. Таа наместо „Република Северна Македонија“, рече „Македонија“.

„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име“, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.

Согласно Уставот, велат оттаму, како што била подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва била потпишана со користење на уставното име.

„Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“, пишува во соопштението.

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката Дошница, чии...

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, 11 годишно момче во критична состојба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски...

На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Граѓаните во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат повторно приклучување на Велика Британија во ЕУ

Десет години откако пратениците гласаа за одржување на референдум што доведе до напуштање на Велика Британија на Европската Унија, анкета покажа дека мнозинството во четирите најголеми земји-членки на блокот би го...

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката...