На ниту еден јазик на веб-страницата на Сиљановска-Давкова не пишува Република Северна Македонија

Очигледно е дека објавата користи фотошоп за да поентира политички и да привлече што е можно повеќе кликови и реакции, пишува Вистиномер

-

На веб-страницата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова не е наведено уставното име на државата „Република Северна Македонија“, ниту на македонски, ниту на албански, ниту на англиски јазик. Очигледно е дека објавата користи фотошоп за да поентира политички и да привлече што е можно повеќе кликови и реакции, пишува Вистиномер.

Објавата ја пренесуваме интегрално:

 

Објава на Фејсбук тврди дека на официјалната веб-страница на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на англиската верзија, стои дека таа е „претседателка на Република Северна Македонија“. Објавата како поткрепа за тврдењето споделува и наводно принтскрин од веб-страницата.

Вака со ,,North” подобро звучи? Нели бе името ќе го враќавте?, стои во објавата.

Приложениот „доказ“ дека на англиската верзија на веб-страницата на претседателката, во делот на нејзината биографија стои Северна Македонија, е лажен.

Имено, кога ќе отидете на официјалната веб-страница на претседателката Сиљановска Давкова, ќе видите дека и кај македонската и кај англиската верзија на нејзината биографија, не е наведено името на државата, туку стои само претседателка, односно president.

Ист е случајот и со албанската верзија на биографијата на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова во своите јавни обраќања и изјави, не го користи уставното име на државата Република Северна Македонија, туку само името Македонија.

Претседателката во јавните настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на самоопределување, а таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, соопштија од претседателскиот кабинет по многуте жестоки реакции во јавноста, откако, давајќи ја свечената заклетва во Собранието, Сиљановска Давкова, не го употреби уставното име.

Таа наместо „Република Северна Македонија“, рече „Македонија“.

Уставното име на државата не може да се најде ниту на насловната страница на веб-сајтот на претседателката. Таму е видлив само државниот грб.

Од сето ова можеме да заклучиме дека на веб-страницата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова не е наведено уставното име на државата „Република Северна Македонија“, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. Очигледно е дека објавата користи фотошоп за да поентира политички и да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. Поради тоа истата ја оценуваме како неточна.

 

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...