недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцина | 135 резултати

Евидентирани се 50 случаи на грип за една недела, за 61,3 отсто повеќе од претходната недела

октомври 24, 2024

Изминатата недела пријавени биле 50 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е за 61,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопштуваат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 18, Гостивар – 16, Свети Николе – 7, Тетово – 5 […]

Од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип

октомври 21, 2024

Околу 33.000 граѓани изразиле интерес да примат вакцина против сезонски грип, преку онлајн пријава на vakcinacija.mk. Министерството за здравство набави вкупно 70.000 вакцини, а вакцинацијата започнува од денеска. Вакцинацијата против сезонскиот грип е незадолжителна. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, […]

За една недела 12 нови случаи на ковид, „Фајзер“ вакцини се достапни во вакциналните пунктови

октомври 14, 2024

Во период од една недела, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирале 12 нови ковид случаи, информираат оттаму. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка […]

ИЈЗ: Овој месец десеткратно зголемен бројот на ковид-случаи во однос на јуни

август 22, 2024

Во последниот месец, јули 2024 се регистрира десеткратно зголемување во однос на претходниот месец. За 18 дена во месец август, регистрирани се 489 заболени лица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во последната недела, тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, […]

Нема докази дека ХПВ вакцината влијае врз плодноста кај девојчињата и момчињата

август 12, 2024

Вакцината штитити од ХПВ инфекција која влијае на репродуктивното здравје, односно на плодноста и кај мажите и кај жените. Особено кај мажите, ХПВ негативно влијае на различни параметри на спермата, вклучувајќи ја и подвижноста. Вирусот, исто така, може да ја зголеми смртта на трофобластните клетки и да ја намали имплантацијата на трофобластните клетки во матката. […]

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

април 28, 2024

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји, пренесе Си-ен-ен. Според д-р Патрик О’Конор од Светската здравствена организација (СЗО), кој вчера го презентираше истражувањето на Глобалниот конгрес ЕСЦМИД во Барселона, на глобално ниво во […]

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

март 22, 2024

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е […]

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

март 19, 2024

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни […]

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките не е фашизам, туку заштита на населението

март 18, 2024

Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита на населението. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 […]

Инспекторите дури сега ќе проверуваат дали градинките примаат невакцинирани деца

март 6, 2024

Иако помина точно еден месец после препораката на Комисијата за заразни болести, Владата, односно Министерството за здравство да прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, државните здравствени и санитарни инспектори дури сега ќе проверуваат во градинките во државата, дали се примаат деца со пропуштени дози на ДиТеПер вакцината против пертусис. Ова денеска го потврди и […]

Инспекторите засилено да проверуваат дали во градинките има невакцинирани деца против голема кашлица

март 5, 2024

Членовите на Комисијата за заразни болести препорачуваат периодов да се засили инспекцискиот надзор во градинките за да се види реалната слика со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер вакцина против голема кашлица, соопшти денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ по состанокот на Комисијата. Ова следува неколку дена откако Мета.мк го отвори прашањето за тоа дали и […]

Фабрикувано видео дезинформира дека австралиска компанија развива лек против смрт од ковид вакцина

февруари 29, 2024

Во видеото новинарката не зборувала за лек што треба да спречи „умирање од вакцината против ковид-19“. Станува збор за лапсус по кој таа веднаш се поправила, а третманот за кој зборувала се тестирал за да им помогне на пациентите хоспитализирани поради инфекција со ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Западот не прави план за депопулација, а Русија не е единствена која трага по вакцина против рак

февруари 21, 2024

Во објавата се користи терминот „Братска Русија“, за да се прикаже Русија како целосна спротивност на Западот кој е претставен како непријателски. Според објавата, Западот прави планови да убива луѓе, а Русија да ги спасува преку вакцини против рак. Но, не е точно дека Русија е единствената држава која работи на производство на вакцини против […]

Вакцината против голема кашлица е безбедна, над 180 милиони дози се дистрибуирани ширум светот

февруари 15, 2024

Единствените луѓе кои зборуваат за некакво криење на бројот на починати како последица на вакцинирањето, е мала група на луѓе кои шират теории на заговори. Во секоја држава вклучително и во нашата, евентуалните несакани ефекти се пријавуваат во одделот за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства. Вакцината против пертусис што се администрира кај […]

ХПВ вакцината не влијае на плодноста, девојчињата треба да се вакцинираат

ноември 9, 2023

Има многу дезинформации и стереотипи кои влијаат на родителите на девојчиња, кои треба да ја примат вакцината против хуман папилома вирусот (ХПВ). Еден од нив е тврдењето дека вакцината влијае на репродуктивната способност на жените, а тоа воопшто не е точно. Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите на тема „Вакцинација против ХПВ“, кој […]

Нобелова награда за изумителите на мРНК вакцините

октомври 2, 2023

Годишната Нобелова награда за физиологија или медицина беше доделена на унгарската научничка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсмен. Двајцата научници биле клучни во развивање на технологијата зад мРНК вакцините, технологија која беше основата на вакцините против ковид-19 развиени од Бионтек-Фајзер и Модерна, известува Би-би-си. Пред ковид-19 пандемијата, мРНК технолгијата за вакцини беше експериментална и […]

Не е точно дека генетски модифицирани комарци ќе го избоцкаат остатокот од светот

јули 9, 2023

Станува збор за фаза од развој на вакцината против маларија каде се користат комарците исклучиво за развој на вакцината. Самите истражувачи и научници вклучени во процесот негираат дека тоа ќе биде начинот на кој вакцината ќе биде користена од страна на широката популација. Напротив, кога ќе биде развиена, вакцината ќе биде ставена во игли, пишува […]

Првата вакцина против маларија ќе биде воведена во 12 африкански земји

јули 7, 2023

Долгоочекуваната вакцина против маларија ќе биде дистрибуирана во 12 африкански земји во кои има највисоки стапки на детски болести и смртни случаи предизвикани од болеста, изјавија СЗО, УНИЦЕФ и глобалното светско здружение за вакцини Гави. Засега се предвидени 18 милиони дози, со што потенцијално ќе се спасат десетици илјади животи од болеста која убива повеќе […]

ЕМА не издала предупредување дека ковид-вакцините предизвикуваат спонтан абортус

јуни 15, 2023

ЕМА соопшти дека открила докази кои покажуваат дека тешко менструално крварење може да се случи по вакцинацијата против ковид, заклучувајќи дека постои „разумна можност“ вакцините да го предизвикаат, но никогаш не препорачала дека mRNA вакцините се поврзани со компликации со бременоста, т.е. со плодноста или со абортусот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

април 30, 2023

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи пандемија. Тој во ниеден момент не кажува дека сака глобална пандемија и затворска држава, ниту, пак, зборува […]

Страна 1 од 7