fbpx

Западот не прави план за депопулација, а Русија не е единствена која трага по вакцина против рак

Напротив, такви вакцини се развиваат и во западните земји, каде што се и во понапредна фаза

-

Во објавата се користи терминот „Братска Русија“, за да се прикаже Русија како целосна спротивност на Западот кој е претставен како непријателски. Според објавата, Западот прави планови да убива луѓе, а Русија да ги спасува преку вакцини против рак. Но, не е точно дека Русија е единствената држава која работи на производство на вакцини против рак. Минатата година владата на Велика Британија потпиша договор со германскиот фармацевтски гигант Бионтек за да отпочнат клинички студии за персонализирани третмани против карцином, со цел да се достигнат 10 илјади пациенти до 2030 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Додека на Запад прават планови за депопулација на планетата, во братска Русија работат на спасување на човештвото! Има разлика, м? Онаделе ве ЕУ и НАТО…

Во склоп на објавата се споделува фотографија од претседателот на Русија, Владимир Путин со наслов на српски јазик: „Сензација, Путин најави вакцина против ракот“ и поднаслов „Русија е сè поблиску до создавање на вакцина против ракот, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин“.

Не е вистина изнесеното во објавата дека Западот прави план за депопулација на планетата. Оваа објава е во контекст на наративот против ЕУ и НАТО, што е евидентно и од крајот на постот, но, исто така, преку неа се пласира и невтемелена и неаргументирана теорија на заговор, дека Западот некако сака да ја намали популацијата на планетата. Еден од елементите карактеристични за оваа теорија на заговор е таканаречената депопулација, наспроти вистината која е неспорна, а тоа е дека бројот на луѓе на земјата расте и ќе продолжи да расте и во наредните години.

Западните земји се грижат за здравјето на населението и Европската Унија постојано ја подобрува легислативата за да им овозможи подобра здравствена заштита на луѓето. На Запад се развива современата медицина, вакцините, новите современи медицински трендови во лекувањето болести, се информира јавноста за различните видови храна и нивниот импакт врз здравјето, се регулираат прехранбената индустрија, емисијата на гасови, итн. Сето ова е во функција на подобар i подолг живот. Според Еуростат минатата деценија, животниот век во ЕУ растеше со релативно константно темпо до 2019 година кога животниот век беше 81,3 години. Оттогаш во 2020 и 2021 година се појави намалување на очекуваниот животен век. Во 2021 година животниот век во ЕУ беше 80.1 година.

На 1 јануари 2023 година средната возраст на популацијата во ЕУ достигна 44.5 години. Што значи дека речиси половина од популацијата во ЕУ беше постара од 44,5 години. Средната возраст на популацијата на ЕУ порасна за 2.3 години од 2013 година, кога беше 42,2 години.

Честите методи кои што невистинито се користат за да се манипулира јавноста дека Западот сака да изврши депопулација се оние кои се спротивставуваат на вакцините. Антивакцинални кругови го злоупотребуваат интернет просторот и шират невистини дека вакцините се план за депопулација и на таков начин предизвикуваат хаос и покрај тоа што целта на вакцините е токму спротивна, а тоа е да се заштити населението од различни болести и на таков начин да живее подолго и да се спасат животи, кои, инаку, би згаснале поради болести.

Во објавата што ја рецензираме, се користи терминот „Братска Русија“, за да се претстави Русија како  целосна спротивност на Западот кој е претставен како непријателски. Во објавата Западот прави планови да убива луѓе, а Русија да ги спасува преку вакцини против рак. Таквиот термин е крајно несоодветен и неточен ако се знае дека Русија, меѓу останатите, ја прогласи и С. Македонија за непријателска држава.

Путин кажа дека Русија дошла многу блиску да креира вакцини против карцином и имуно-модулаторни лекови од следната генерација, ама без да специфицира кој вид карцином овие вакцини ќе го таргетираат:

Се надевам дека наскоро ефективно ќе се користат како средства во индивидуалната терапија, рече тој 

Истовремено, не е точно дека Русија е единствената држава која работи на производство на вакцини против рак. Минатата година владата на Велика Британија потпиша договор со германскиот фармацевтски гигант Бионтек за да отпочнат клинички студии за персонализирани третмани против карцином, со цел да се достигнат 10 илјади пациенти до 2030 година.

Фармацевтските компании Модерна и Мерк развиваат експериментална вакцина против карцином, која во студија покажа дека ја намалува шансата за враќање на меланомот или смрт од меланом (најсмртоносниот карцином на кожата) за половина после 3 години од третманот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Не е точно дека Западот прави план за депопулација на планетата, а Русија, иако развива вакцина против рак, сепак, не е единствената држава со такви обиди. Напротив, такви вакцини се развиваат и во западните земји, каде што се и во понапредна фаза.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...