понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: рак | 55 резултати

Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг трогнати од пораките за поддршка откако таа објави дека има рак

24 март 2024

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се „длабоко трогнати“ од пораките за поддршка добиени откако таа ја објави дијагнозата на рак, изјави портпаролот на палатата Кенсингтон, oбјави „Гардијан“. Кејт Мидлтон во петокот рече дека е подложена на превентивна хемотерапија, откако тестовите направени по нејзината операција на абдоменот во јануари, открија дека […]

Западот не прави план за депопулација, а Русија не е единствена која трага по вакцина против рак

21 февруари 2024

Во објавата се користи терминот „Братска Русија“, за да се прикаже Русија како целосна спротивност на Западот кој е претставен како непријателски. Според објавата, Западот прави планови да убива луѓе, а Русија да ги спасува преку вакцини против рак. Но, не е точно дека Русија е единствената држава која работи на производство на вакцини против […]

На кралот Чарлс му е дијагностициран рак, соопшти Бакингемската палата

6 февруари 2024

На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран облик на рак, соопшти вчера Бакингемската палата, а пренесе Би-би-си. Видот на ракот, како и стадиумот, засега остануваат неоткриени. Кралот вчера започнал со редовни третмани и ќе ги одложи јавните обврски во меѓувреме, соопшти палатата. 75-годишниот монарх лично ги информирал двата сина за неговата дијагноза, а принцот од […]

Светски ден на ракот: Дневно во земјава умираат по 10 луѓе

4 февруари 2024

Денеска се одбележува Светскиот ден на ракот, а земјава денот го дочекува во период кога речиси целата доверба во здравствениот систем е расклатена со отворањето на истрагата за случајот „Онкологија“, во кој се осомничени поранешните медицински и организациски директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи и тројца доктори – онколози. Паниката и […]

„Сè за рак“ – нова асоцијација и платформа за едукација и превенција од рак и поддршка на пациентите

2 февруари 2024

Формирано е ново здружение, според кое, основна задача и цел е да пружи точни и вистински информации за пациентите болни од рак и нивна поддршка во достапноста на терапии и третмани за лекување. Во текот на вчерашниот ден и официјално во Централниот регистар била запишана асоцијацијата и платформа „Сè за рак“. Од таму велат дека […]

Германија – европски лидер во иновациите за борба против ракот, САД се први на светско ниво

2 февруари 2024

Германија е европски лидер во пријавите за патенти за иновации во борбата против ракот, покажува студијата презентирана во средата од Европската канцеларија за патенти (ЕПО), пренесува германската новинска агенција ДПА. Со врвни апликанти како Баер и Сименс, Германија сочинува речиси една четвртина (23 проценти) од барателите на патенти со седиште во Европа и повеќе од […]

Д-р Колевска: Откриен е тест со кој преку крв се гледа дали во организмот има клетки на дури 50 различни видови на рак

7 декември 2023

Едно од најголемите откритија во медицината во последно време, кога станува збор за ракот е тест, со помош на кој преку крв може да се утврди дали во организмот постојат клетки на некој од 50 различни видови на рак, информира за Мета.мк д-р Татјана Колевска, онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка […]

Кај Ромка откриен карцином на грло на матка, по години поминати во срам и во беспарица за да посети гинеколог

12 септември 2023

Околу 30 отсто од Ромките немаат матичен гинеколог, а 38,5 отсто никогаш не го контактирале својот матичен лекар по телефон. Половина од Ромките не прават ПАП-тест редовно, најмногу поради тоа што немаат матичен гинеколог, а дваесет отсто никогаш не направиле ПАП-тест. На стоматолог, без да имаат некој проблем, не одат 72 отсто од Ромките. Овие […]

Докторка од Скопје во тимот експерти формиран од Џо Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто

23 август 2023

Д-р Татјана Колевска е онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија „Каисер Перманенте“ во Калифорнија, што покрива грижа и лекување на повеќе од 12 милиони луѓе низ САД. Д-р Колевска, која инаку е родена во Скопје, води многу клинички студии што постојано истражуваат нови лекови за ракот. Неодамна […]

Нема докази дека фенбендазол лекува рак кај луѓето

27 февруари 2023

Фенбендазол, лек за паразити кај кучињата, не е клинички тестиран кај луѓето. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) го забрануваат фенбендазол за употреба кај луѓето. Тврдењата дека фенбендазол може да излечи рак се непоткрепени и може да ги доведат во опасност болните од канцер, доколку поверуваат и на своја […]

Смртта на Пеле и папата Бенедикт не е поврзана со ковид вакцините

6 јануари 2023

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако претходно папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021 година и тоа не може да се поврзе со неговата смрт. […]

Смртта на пејачот Масимо Савиќ не е поврзана со вакцината, ниту со срцев или мозочен удар

29 декември 2022

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, при што се прави чуден линк меѓу смртта на пејачот Масимо Савиќ со неговите ставови за вакцинацијата. Тоа што пејачот бил поборник за вакцинацијата, не го прави припадник на „сатанисти и глобалисти“. Неговата смрт не е поврзана ни со срцев удар, ни со мозочен удар, туку е […]

Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

15 декември 2022

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може […]

Нема докази дека витаминот Ц е лек за рак

20 ноември 2022

Не постои ниту еден доказ ниту истражување, кое покажува дека витаминот Ц е лек за ракот. Од Мајо клиниката велат дека сè уште нема докази дека витаминот Ц сам може да излечи рак. Истражувачите проучуваат дали тој може да ја зголеми ефикасноста на другите третмани за рак, како што се хемотерапијата и терапијата со зрачење, […]

Не е точно дека лекот ЕБЦ-46 против рак е тестиран на луѓе и дека се покажал успешен

30 октомври 2022

Лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот, откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е […]

Вистиномер: Нема лек за рак на простата кој функционира стопроцентно

11 август 2022

Измамнички и невистинито е да се ветува дека ќе се излекува канцер на простата во сто проценти од случаите, oсобено без да се знае какви се параметрите на конкретниот пациент. Тоа едноставно  е далеку од вистината. Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција, наречена радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, […]

Вистиномер: Спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер

25 јуни 2022

Наспроти тврдењето во постот што го рецензираме, вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава е посочено е дека вакцините против ковид-19 не може да предизвикаат рак. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Реномирани медицински стручњаци ги отфрлаат тврдењата […]

Вистиномер: Не е точно дека поради вакцината на Фајзер e зголемена стапката на канцер, невролошки проблеми и на смрт

8 јуни 2022

Професорот за биологија на канцер, на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер. Харвард објави студија која откри придобивки од ковид вакцините за пациентите со рак, а истото го покажа и студијата на Стенфорд објавена во декември. Во однос на наводната смртност по вакцинацијата, портпаролот […]

Вистиномер: Во вакцините против ковид-19 нема канцерогени поттикнувачи

6 мај 2022

Во сите упатства за користење на вакцините, никаде канцерот не е наведен како несакан ефект. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два. Доктор Марк Шломчик, претседател на Одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицина, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се […]

Вистиномер: Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

24 април 2022

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист. Клучно е да се нагласи дека за различните нарушувања на тироидната жлезда се […]

Страна 1 од 3